Во предвечерието на големата манифестација – NAIAS Detroit 2018- (2)

44

Во вториот дел од најавата на новитетите што веќе од недела 14 јануари, за медиумите во првите два press day, ќе заблискаат во Cobo Центарот во Детроти на North American International Auto Show ( NAIAS )2018 ви претставуваме уште една дузина на потврдени премиери

Се разбир а како и секоја година, така и оваа на 79-то издание на големата интернационална изложба на автомобили, се можни изненадувања, што производителите на автомобили ги чуваат во „тајност“ до последниот миг.

Eдно од нив е и можното лансирање наследникот на лагендарниот Ford Mustang Bullitt, што во истоимениот филм Bullitt, во 1968 година во една од најпознатите филмски улични трки го возел холивудската икона Стив МекКвин (Stive McQueen), што ќе биде голем подарок за публиката што ќе го преплаци Cobo Центарот од 20 – 28 јануари.

2019 Hyundai Veloster

Навистина претставува возбудување најавата за пристигнувањето на новиот Veloster на салонот за автомобили во Детроит.

Од инсајдерски кругови во Hyundai се слуша дека следи редизајн на Veloster sports coupe и дека ќе биде претставен во Детроит, а „шпионските фотографии“ покажуваат дека автомобилот е во пред производна фаза.

Познатиот 2+2 coupe е унапреден со единствена shooting brake линија на покривот.

Се очекува мотор со турбо полнач, а од  Hyundai се децидни и мануелен менувач на брзини за по „кул“ израз на ова перформанс возило на Корејците.

Исто така, најверојатно ќе остане на платформата на Accent, што веројатно значи дека ќе биде опремен со торзиона оска на за задното потпирање.

Infiniti Q Inspiration Concept

Од Infiniti планираат да покажат concept што треба да го замени стариот Q70 и да биде нов предводник нa марката

Моделот Infiniti Q70 е „ old-school“, со недостаток на технологија и префинетост на модерен луксузен седан.

Но, едновремено Q70 ја обезбедува „последната линија“ за спас на она што беше Infinit.

Во Детроит Infiniti ќе покаже нов концепт на седан, што треба да биде наследник на Q70.

Тоа е  концептот Q Inspiration, a возилото, исто така, ќе воведе нови стилски теми за Infiniti.

Врз база на раните фотографии пласирани од Infiniti, изгледа како Q Inspiration да добил делови од Kia Stinger и од  Porsche Panamera, заедно со елементи од Buick LaCrosse.

Резултатот е навистина „претставителен“ но не и оригинален.

 

2019 Jeep Cherokee

Во Jeep го освежија Cherokee за 2019 година и за тие што стариот повеќе им се допаѓа ќе им треба време да се навикнат на новината

Поларизираниот дизај предизвикува и такви чувства, може да ви се допаѓа и да не ви се допаѓа , стилот може да инспирира но и да одбива.

За едно „мeинстрим возило“ од кое се очекува да прави големи бројки во продажбата, тоа обично не е добра идеја.

Така, Jeep го рестилизира Cherokee for 2019, во согласност со новиот Compass и поголемиот Grand Cherokee.

Дали е тоа мудро? Најверојатно, но треба да признаеме дека има голем број поклоници на марката и на моделот кои преферираат изглед во стилот на  Cherokee Trailhawk, со поинаков преден дел на еден по ефективен начи.

Lexus LF1 Limitless Concept

Со Lexus LF1 Limitless Concept Јапонците истражуваат како треба да изгледа нивниот нв предводник во класата на crossover и SUV модели

Ако сакате скап Lexus SUV, вашиот единствен избор се GX and LX, а и двата од нив се потонати во кожа, дрво, и материјали што го впиваат звукот и нудат одлична звучна изолација со намера да го напра што е можно по луксузен.

Со ова ново концепт возило LF1 Limitless, Lexus истражува нови идеи како би можел да изгледа нивниот предводник помеѓу crossover и SUV возилата и првиот впечаток е добар.

 

2019 Mercedes-AMG CLS53

Се очекува во Детроит Mercedes-Benz да ја покаже новата CLS-Class тјунирана од познатиот AMG оддел на компанијата

Да ли AMG ќа стане hybrid? Да, а и шепотењата дека Mercedes ќе ја претстави 53 серија на перформанс автомобили, во Детроит и ќе покаже еден електрифициран, мотор со шест цилиндри, бензинец,  надополнет со турбо полнач просто ги предизвикува вљубениците во спортски елегантни креации.

Се слушаат зборувања дека овој погонски склоп ќе генерира повеќе од 400 КЅ во новата CLS-Class како, само уште една потврда на моќноста на компанијата.

 

2019 Mercedes-Benz G-Class

Премиерата на 15 ти јануари е се поблиска а тогаш на NAIAS во Деторит ќе биде биде глобалната официјална промоција на  премиера на најголемиот теренец на Mercedes.

Новата G Class мина низ најзначајни промени во своето четири децениско постоење и тоа со цел да понуди поголем комфор и модерна технологија, но без притоа да и се намалат нејзините теренски можности.

По досегашните информации пласирани на специјализираните портали, новата G Class е полесна и поширока од актуелната, со исто така подолго растојание помеѓу оските и секако по пространа во внатрешноста.

И новата генерација на G Class (кодна ознака W464) го задржа својот препознатлив „лик“ – формата на коцка, додека значајни измени „доживеала“ внатрешноста.

Покрај дотераната става и помодерната технологија, треба да се истакне дека сега се добива и многу повеќе место за патниците кои седат назад, а и положбата на седењето е сега многу поблиска до таа на патничките автомобили, како и тоа дека и волуменот на багажниот простор е исто така поголем.

Посебно треба да се истакне опцијата за дигитална инструмент табла, Burmester – Surround – Sound систем со 16 звучници, како и Android Auto и Apple CarPlay.

Од Mercedes наведуваат дека новата G Class  „импресионира“ со своите перформанси во сите услови” како и тоа дека располага со „врвни системи за асистенција  за безбедноста и за комфорот “.

Во  G-Mode наменет исклучиво за возење по тешки терени може да совлада водена пречка длабока 70 cm.

Во гамата на двигатели кои ќе бидат понудени за новата G Class помешу другите ќе се најдат и 4,0 –литарски twin-turbo бензински мотор, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква „V“, како и новиот 2,9 – литарски , со шест цилиндри, дизел мотор.

 

2019 Ram 1500

За прва пат во 10 години новиот Ram 1500 pick – up пристига за да примами купувачи од камионетите со средна големина.

Пред една декада, Dodge го претстави новиот pick –up Ram pickup возејќи го низ улиците на Детроит во стампедо од каубојци и говеда.

Неверојатно и 10 години подоцна Ram останува продажна ѕвезда во САД и натаму останувајќи закана и на новиот Chevrolet Silverado благодарение на лојалните фанови, добриот изглед, уникатните карактеристики и бескрајната низа на специјални едиции што успеваат да го задржат интересот на купувачите за „стариот“ камионет.

 

Сега, во Детроит, пристига долго очекуваниот наследник, а очекуваме поцврст, посилен, побезбеден и поефикасен камион дизајниран да биде рамен на Ford F-150 предводникот во сегментот и на новите дизајни од General Motors.

 

 

2019 Toyota Avalon

Toyota продолжува да инвестира во големите седани, а редизајнираниот Avalon за 2019 та моделска година ќе дебитира во Детроит.

Верувале или не, новата 2018 Toyota Camry е , малку помала од моделот што го наследува, но тоа е со намера да се остави доволно простор за Avalon големиот седан и за настапот на Toyota на 2018 Detroit Auto Show.

Според тоа што се знае од тисерите и фотките новиот Avalon ќе има стилски изглед ист како Camry, со силен дизајнерски израз на продолжена верзија на новата глобална архитектура на Компанијата.

Стандардниот двигател би требало да биде V6 бензинец, а како опција хибриден погонски склоп.

Секако ќе биде со поголема пространост и поголем багажен простор во споредба со Camry.

Со оглед на тоа што редизајниранaтa Honda Accord 2018 обезбедува внатрешна прострaност, големи димензии со средна цена, Тоyоtа избира да дизајнира, изгради и продава два различни автомобили.

 

2019 Volkswagen Jetta

Новата  Volkswagen Jetta набргу ќе стаса кај дилерите на VW  и ќе биде многу пософистицирана од актуелната генерација

За последен пат Volkswagen Jetta беше редизајнирана во  2010 година, кога автомобилот беше „соблечен“ до школка, во согласност со сопственото „германско јас“.

Со текот на времето, VW ги сфати грешките, а Jetta постојано се подобруваше и стана еден од подобрите избори во сегментот на компактни автомобили.

Сега компанијата ја редизајнира Jetta, а од она што Volkswagen го објави досега автомобилот добива поубав, попродуктивен и позрел изглед.

Исто така, се очекува надградба во однос на внатрешните материјали и технологија, а покрај тоа се најавува и „инфузија“ во однос на динамиката на возењето подобрено од експертите од Стариот континет.