Во предвечерието на големата манифестација – NAIAS Detroit 2018- 1

458

Првиот голем auto show во 2018 е веќе тука зад аголот- 2018 Detroit Auto Show, познат како и North American International Auto Show, портите за посетителите ги отвора за три дена, на 14 јануари, но кармејкерите ширум светот веќе објавија тизери за нивните промоции, концепти и сериски модели, а како и претходните години и сега очекуваме големи изненадувања

Но, пред официјалниот старт ние во две продолженија ќе ви откриеме некои од премиерите тоа што веќе е потврдено дека ќе биде премиерно покажано на 2018 Detroit Auto Show кој свечено ќе биде отворен за три дена.

Домот на две од најголемите автомобилски компании во светот, Ford и General Motors, Детроит историски е срцето на американската автомобилска индустрија.

Денес, преку едукација, истражување, дизајн и развој, Детоит е еден од глобалните центри што ја креираат иднината на автомобилите и персоналната мобилност, во од Мичиген, дом на многу производни погони лоцирани во оваа Сојузна држава на САД.

Сосема природно на тоа и и големиот значај што и се давана на светско ниво на годишната манифестација- North American International Auto Show (NAIAS) во Детроит.

Се очекува Detroit Auto Show  2018 да донесе многу нови вредни автомобили, SUV и камионети.

Ние накусо,  по азбучен ред ќе ви наведеме што се ќе блеска во Детроит 2018, но уште еднаш напомнуваме дека се очекуваат изненадувања што ќе бидат обелоденети на самата манифестација и што ќе предизвикат голем инетерес и возбуда кај експертите и посетителите.

2019 Acura RDX

Повеќе од која било друга  Acura,  новата 2019 RDX ја посочува иднината на луксузниот бренд на Hond

Актуелната Acura RDX е базирана врз платформата на претходната генерација на CR-V и опремена е со V6 мотор и погон на предни тркала.

Погонот на сите четири тркала е опција како и системот за векторирање на вртежниот момент – Super Handling All-Wheel Drive (SH-AWD) технологијата на марката.

Во Детроит ќе може да видите враќање на моторот со четири цилиндри и турбополнач и SH-AWD како тежнеење на Acura да ги потврди своите технолошки и возни перформанси со кои се одликува.

Воедно RDX ќе биде првата Acura дизајнирана од основа, и однадвор и одвнатре,  според новиот прецизен дизајнерски јазик на компанијата.

Audi Q8 во предпроизводна изведба

Audi се помалку го крие својот Q8 што својата глобална премиера ќе ја има годинава и се повидно е дека пред една година беше покажан горе долу производната верзија

Од најновите „шпионски“ фотографии на идниот Q8 станува се повидно дека пред една година, на салонот во Детроит, е покажан речиси сериската верзија.

Видливо е дека Q8 има преден „грил“ како Q7, страници што потсетуваат на Bentley Bentayga, а заден дел сличен на рој на Lamborghini Urus.

Производството на Q8 треба да се одвива во Братислава, Словачка, каде се произведува и Q7, не изненадува ни податокот дека станува збор и за идентично растојание помеѓу оските од три метри, како и за должина од каросеријата од пет метри, а најголемата разлика ќе биде во помалиот клиренс од подлогата (за 40 mm) а со самото тоа и помала висина на каросеријата..

Погонскиот склоп на концептот е e-Tron plug – in Hybrid, а тоа значи комбинација од бензинес од 3.0– литри, со шест цилиндри поставени во V форма, со  TFSI технологија и електромотор, како и акумулатор од литиум–јонски батерии од 17.9 kWh.

Целиот склоп развива вкупна моќност од 450KS и 700 Nm максимален вртежен момент, што ветуваат забрзување од 0 до 100 km/h за 5.4 секунди и максимална брзина од  250 km/h, како и возење во само електричен мод до 50 km.

Од новините во внатрешноста, Audi ја најави новата генерација на виртуелниот дигитален кокпит, со впечатлив екран чувствителен на допир од 12.3 инча со унапредена резолуција и со повеќе функции што потполно ќе ги заменат досегашните тркалца и прекинувачи.

2019 BMW i8 Coupe

Претпоставувајќи дека 2019 BMW i8 Coupe ги има истите подобрувања како новиот i8 Roadster, тогаш овој електрифициран спортски автомобил нуди зголемен електричен опсег и подобрена технологија за инфозабава

Во Детроит BMW ќе го прикаже ажурираниот i8 Coupe, а ако i8 Roadster е индикатор, можете да очекувате 30% подобрување во електричниот возен мод, опции за побрзо полнење опции, нов iDrive инфозабавен систем со надградени BMW ConnectedDrive програми, поатрактивни тркала и посвежи бои.

2018 BMW X2

За разлика од другите  BMW sport activity coupes (SAC), новиот 2018 X2 има препознатлив привлечен лик и предиспозиции за многу добра продажба!

Луѓето го рекоа своето и кажаа дека сакаат SUV возила, односно возила што личат на SUV и ветуваат дополнителна влечна сила и 4х4 погон и бонусот што го дава hatchback формата.

Да BMW ги слуша купувачите и го додаде X2 на својата гама на sports activity vehicles, исто така позната како crossover.

Базиран на истата платформа со преден погон како и BMW X1 но со повеќе стил и позгодна става, X2 е помал, но и поскап.

Предвидувам дека ќе се продава исто така добро, најмногу поради убавата појава и им нуди на луѓето тоа што го бараат и по цена што се смета за прифатлива.

2019 Chevrolet Silverado

Обично дизајнот на pick-up камионетите трае подолго од половина деценија, но Chevrolet го редизајнира Silverado за 2019 година пред се поради настојувањата да се надмине главниот ривал на пазарот на популарните камионети, моделот Ford F-150

Во General Motors ги продаваат и Chevy Silverado и GMC Sierra и мораат да го распредели буџетот наменет за маркетинг на пазарот на два различни камионета.

Во минатата 2017 година, многу од парите наменети за маркетинг се потрошени за да се убедат муштериите дека алуминиумскиот  F-150 камионет, изгледа кревко, како лист од хартија наспроти картонска кутија, кога се споредува со Chevrolet Silverado.

И покрај тоа, како и и покрај половина тон нагрди од J.D. Power, камионетите на GM, кога станува збор за продажбата, гледаат во грбот на pick –up моделот на Ford.

И затоа по само пет години од последниот редизајн Chevrolet Silverado 2019 ќе биде целосно подновен.

2019 Ford Ranger

Иако Ford официјално не објави кои новини ќе ги покаже во Детроит, сепак новиот Ranger е потврден

Особено откако компанијата, пред една година, за време на презентацијата, објави дека се враќа на американскиот пазар.

Малите pick-up камионет како Chevy LUV, Ford Courier и Nissan Hardbody се минато, заменети од камионетите со средна големина, речиси исто толку долги и широки како големите камионети, но кои не можат толку да се товарат и толку да влечат.

Тогаш каде е поентата во поголемата пристапност, помалата цена !?

Ford го напушти сегментот пред неколку години, но најави враќање, пред се поради пазарната успешност на Toyota Tacoma но и на ривалот од другата страна на градот, Chevrolet Colorado и GMC Canyon.

Покрај тоа ако се знае дека и Nissan е подготвен да ја врати „историската“  Frontier, тогаш е јасно зошто Ford се врача во сегментот.

2019 Honda Insight

Можеби Honda конечно ќе го добие вистинскиот рецепт за Insight со новата верзија за 2019 што засега е во форма на прототип, но кој е блиску до производната верзија.

Првиот хибрид што се продавал на пазарот во САД не била Toyota Prius, туку Honda Insight,  во изведба на каросерија со три врати, две седишта  и што лесно поминувала 60 мили со галон (4,7l/100km).

Малите габарити на првиот Insight, заедно со недостаток на патнички и товарен простор, значеа дека Honda ќе остане под хибридна доминација на Toyota.

Природно кога дојде време да се замени првата генерација на Insight, во Honda се обидоа да направат клон на Prius.

Сега новиот Insight e на пат да ги подобри перформансите за економичноста споредено со претходната генерација.

Изгледа сосема вo ред, како да потсетува дека хибридното возило не треба да изгледа како возило отфрлено од серијалот Star Wars.

(продолжува…)