Во Туркменистан црните возила „протерани“ од улиците!

242

На сообраќајниците во  главниот град на оваа држава смеат да се наоѓаат само бели и сребрени возила

Гурбангулу  Бердимухамедов (Gurbanguly Berdimukhamedov) претседателот на Туркменистан околу себе изградил култ на личноста.

Неговата самољубивост и „лудило“ доби нови димензии откако ги забрани црните автомобили во главниот град на оваа земја Ашгабат ( Ashgabat).

Актот за забрана на „постоење“ на автомобили во црна боја на сообраќајниците е донесен уште во 2015 година, но истиот тогаш се однесувал само за автомобилите од увоз, но од почетокот на тековната 2018 година тој важи са сите возила.

Сопствениците на црни автомобили биле многу изненадени кога утрото на први јануари тековната година дошле на паркиралиштата каде ги оставиле своите миленици и виделе дека веќе не се таму.

Преку ноќ нивните возила биле запленети, a сопствениците можат да ги вратат назад само ако потпишат документ дека ќе ги пребојат во бела или во сребрена боја.

Тоа не би било некој проблем ако пребојувањето на целиот автомобил не би го погодил домашниот буџет на сопствениците на тие автомобили по повеќе од 1.000 евра, а само за споредба ќе наведеме дека просечната плата во оваа земја изнесува 250 eвра.

Претседателот Бердимухамедов е голем вљубеник во сребрената и во боја, а Ашгабат е познат и како град од бел мермер.

Првиот човек на Туркменистан  поради тоа не сака да ја наруши таквата перцепција со црните автомобили на улиците на неговата „бела“ престолнина.