Во Porsche развиваат платформа за EV суперавтомобили!

145

Од платформата за супер автомобилите на струја бенефит ќе имаат, покрај креациите на Porsche и тие на супер спортската марка Lamborghini, како и идните модели на Audi, што ќе го наследат R8, кој поради намалената побарувачка, најверојатно ќе биде „пензиониран“

Врвните менаџери на  концернот Volkswagen му доверија задача на тимот на инженери и експерти на Porsche да развијат  .

Тоа ќе биде веќе трета платформа на Volkswagen што е наменета исклучиво за возила со електричен погонски склоп.

Потврдено е дека  на истата, речиси е сигурно, ќе се „возат“ EV- возилата на Групацијата, пред се идните супер перформанс креации на Lamborghini и на Audi, а се разбира, покраj нив, и на производителот на „супер спортисти“ од Цуфенхаузен.

Притоа ќе спомнеме и дека планот на VW е првите целосно електрични „спортисти“ на пазарот да ги пласира дури во текот на 2025 година, но не би било изненадување тоа да се забрзаат за некоја година.

Се уште не се знае дали новата SPE платформа ќе биде опремена со електричен мотор на секоја оска, или, пак, ќе има дури три агрегати – електромотори за да обезбеди што е можно побрзи забрзување и уживање во спортското возење на овие супер автомобили.