Европејците не ги сакаат автомобилите што самостојно возат

74

Дури 71% од испитаните возачи на Стариот континет потврдија дека преферираат тил лично да управуваат со своите автомобили

Истражувањето спроведено од Mazda Motor Europe покажало дека Европејците во огромен број се скептични во однос на автомобилите што самостојно возат, односно дека и натаму сакаат да останат зад управувачите на своите автомобили.

Најмалку желба да купат автомобил што самостојно вози покажале Британците, потоа Германците, па Австријците и Полјаците,  каде дури 71% од испитаните се изјасниле дека не се приврзаници кон само-возечката технологија, додека  најмногу наклонети кон истата се Италијанците, каде само 59% од испитаниците се против оваа технологија.

Само 33% возачи ги сакаат автомобилите што самостојно возат, a дури и милениумската генерација, лицата родени по 2000-та година, повеќе сакаат да ја имаат контролата во свои раце, одошто истата да ја препуптат на Вештачката интелигенција.