КАМАZ со нов линија за мотори со шест цилиндри во линија!

483

Точно по 42 години од стартот на производството на првиот V8 дизел мотор, Kamaz започна со производство на нови агрегати со шест цилиндри

Во огромниот производствен комплекс на KAMAZ во Небережњи Челно, на 15 декември 2017 година свечен е одбележана завршната фаза од повеќегодишните активности во развојот и подготовките за сериско производство на сосема ново семејство на мотори со шест цилиндри во линија.

Во тој проект, партнер на лидерот во производство на тешки комерцијални возила од Русија е светската реномирана Liebherr група.

Од првите договори за соработка до задвижување на целосно новата линија во Небережње Челно поминаа цели четири години: спогодбата за развој на новото перспективно семејство на мотори во линија со сила од 400 до 700 КЅ од еколошката каса Euro V и, во блиска иднина, Euro VI, е потпишан на 25 март 2014 година, во Ехинген, Германија.