Минатата година за Alfa Romeo беше рекордна!

223

Alfa Romeo го зголеми своето производство за 62% минатата година, најмногу, пред се, на извонредниот пласман на новиот седан Guilia и SUV-изведбата Stelvio, но шефот на FCA во чии рамки е и производителот на спортски автомобили од Милано и натаму е незадоволен…

Со тоа, во глобала, се достигнати бројките на раст најавени од првиот човек на FCA, Серџо Маркјоне, пред стартот на годинава.

Произведените единици од трите италијански фабрики на Alfa за минатата 2017  изнесуваат вкупно 150.722, споредено со 93.117 во претходната 2016-та.

Во разговор со аналитичари на пазарот лани година, на два пати, Маркјоне објави дека очекува продажбата на моделите на Alfa да достигнат меѓу 160.000 и 170.000 за 2017.

На крајот на октомври тој беше малку повнимателен во прогнозите, пред се поради продажбата во САД , која се покажа како послаба, а требаше да биде на исто рамниште како во Кина.

Продажбата на Alfa, независно од изјавите на Маркјоне, бележат сериозен скок во САД за 2017 година, 12.031 споредено со само 516 во 2016.

Бројките се од  аналитичарите, бидејќи FCA не дава официјални податоци за производството и реализацијата во САД.

Продажбата во Европа и EFTA е во пораст за 33%, или 79.963 за првите 11 месеци од минатата година, велат податоците на  индустриската асоцијација- ACEA.

Во Кина Alfa, иако беше погоден од нови барања што го ограничуваат движењето на автомобили за зголемување на продажбата преку нивните дилери, има  извонредно постигнување.

Најдобар месец беше јули (3.331 единици), но последните два месеца од годината, се забележува пад – 410 во ноември и 497 во декември.

Се претпоставува дека годинава, глобалната продажба на Alfa ќе биде исто помеѓу 140.000 и 150.000 примееоци.

За жал, во моментов, нема најави за нови производи во 2018, па успехот ќе зависи од  пласманот на Stelvio во САД и Кина.

Според планот на Маркионе за ревитализација на брендот, претставен 2014 година, тој требаше да реализира пласаман на 400.000 примероци, глобално, до 2019 година и да претстави моделска палета од осум возила.

Во 2016 година, планот беше ревидиран во однос на продажбата, а крајниот рок за осумте модели беше продолжен до 2025 година.

Заклучок: на „Alfа конечно и тргна“, а сите поклоници на марката и на убавите автомобили тоа може само да ги радува.