Новата поделба на VW за лидрска позиција во производство на EV

219

Во Volkswagen создава нова единица за мобилност, која треба да го постави гигантот на лидерската позиција на пазарот на електрични автомобили

Шеф на новата дивизија ќе биде Томас Улбрих, предходно одговорен за производство во компанијата, објавија од VW.

Во VW имаат за цел да „истуркаатTesla од лидерската позиција во секторот за електрични автомобили.

За оваа намена веќе на стартот се подготвуваат пет големи нови модели.

Првиот I.D. ќе бидат достапeн во продажба во Европа во 2020 година со пристапна цена на рамниште на дизел верзијата на VW Golf.

Вториот, SUV моделот I.D. Crozz, првин ќе биде лансиран на пазарот во САД, исто така во 2020 та година.

Во VW веќе ја развија специјална електрична модуларна платформа MEB, која исто така ќе ја користат и други брендови во сопственост на VW Group – Audi, Seat и Škoda.

Бројот на автомобили произведени од семејството I.D. до 2020 година треба да достигне 100.000 единици, а во 2025 минимум од еден милион, бешенајавено од Херберт Дис,  извршниот директор,  во изјавата од 18 ноември 2017 година.

Улбрих, кој работи во VW од 1989 година, официјално ќе ја преземе својата нова позиција од 1 февруари оваа година.

Инаку, покрај раководител на производството и логистиката на VW, тој бил и шеф на логистиката на FAW-Volkswagen во Кина и Технички директор на Shanghai-Volkswagen.