Освежување за електричниот Citroen e MEHARI!

365

Од Citroen ги објавија првите податоци, фотки и видео за новата верзија на целосно електричниот E-MEHARI, што во франција веќе може да се купи, со еколошките олеснувања, за 19.500 евра

Модерната изведба на иконата на Citroen има неколку важни новиниспоредбено со претходникот, поврзани со желбата на производителот  на клиентите да им понуди повеќе удобност и бенефити.

Сосема нова е инструменталната табла и седиштата, а од Citroen ja лансираат и верзија E- MEHARI со цврст покрив, па автомобилот може да се користи целата година, а воедно е подобрена топлинска и звучна изолација.

E- MEHARI доаѓа со систем за лесен пристап до ентериерот, централно заклучување, автоматски фарови, систем за следење на притисокот на воздухот во гумите, заштитни воздушни перничиња, и многу подобрувања во безбедноста и квалитетот на изработката.

Резултат на подобрувањата е тоа што Citroen E- MEHARI може да воси со максимална брзина од 110 km/h и подинамично се управувапоради за 20% поголемиот вртежен момент.

Автонимијата во возење со едно полнење на батериите изнесува 195 km, а за целосно полнење на истата се потребни 10,5 часа.