Сериозна забрана од новите сопственици на Ф1 до Луис Хамилтон (Видео)

281

Новите сопственици на Формула 1, компанијата ЛИберти Медиа, ги поттикнува возачите на социјалните мрежи да бидат што поактивни, и да објавуваат и видео материјали и фотографии, но под одредени услови.

Еден од најактивните на социјалните мрежи несомнено е Луис Хамилтон, но овој пат згазна на правилото кое му налага нешто посебно.

Либерти Медиа му наредила на Хамилтон да го избрише видеото кое го поставил на социјалните мрежи од квалификациите, бидејки тоа биле снимки само за телевизиите кои имаат откупени ТВ права.

Возачите ги знаат новите правила, ние ги поттикнуваме да бидат што по активни на социјалните мрежи, но не смеат да објавуваат материјали кои се резервирани за сопствениците на ТВ правата, Луис тоа го направи, но веднаш го тргна видеото“, објаснуваат од Либерти Метиа.