Специјална спортска серија Renault Clio R.S. 18

63

Во чест на 40 годишнината од учеството во F1, спортскиот оддел на Французите Renault Sport го најави пазарното лансирање на нова специјална лимитирана серија Renault Clio R.S.18 со шема на бои на кандидатот на Renault Sport Formula One Team во шампионатот на Формула 1

Во знак на прославувањето на четири децениското учество во Formulа 1,  во Renault решија на европските купувачи да им го понудат специјалното издание  Clio R.S.18. R.S.18 базирано врз актуелниот R.S. – Clio R.S. 220 EDC Trophy.

Новото Clio R.S.18 ќе биде пуштено во продажба во Европа во првата половина на оваа година, а ќе располага со моќност од 220 КЅ и максимален вртежен момент од 280 Nm.

Покрај тоа направени се и неколку преправки, како доработена  Trophy шасија, а како резултат на тоа компактниот автомобил е ушт поблиску до патот, што овозможува подиректно управување.

Во опремата на автомобилот е вклучен и посебниот издувен систем на специјалистот Akrapovic, за уште помоќен звук.

За што подобро да се справи со расположливата моќ и импресивните перформанси Clio R.S има и по спуштено и по ригидно  потпирање одошто R.S. Trophy, а тука се и специјалните предни амортизери.

За да ја исполни и визуелно асоцијацијата со Formulа1, специјалното издание ќе се испорачува само во црна боја со жолти ленти  и жолти детали на фелните, односно во обратна колорна шема одошто ја користи фабричкиот Renalt F1 тим.

Во внатрешноста се препознатливи: Renault R.S. седишта во комбинација на кожа и на алкантара, како и карбонските додатоци на отворите за вентилација.

Перформансите на жешкиот hatсh  се повеќe од импресивни: Забрзување од 0 до 100 km/h за 6.6 секунди и максимална брзина од 240 km/h.

Продажбата на лимитираната серија би требало да стартува во првата половина на тековната  2018 година.