Според Euro NCAP тестовите -Volvo XC60 е најбезбеден!

246

Volvo XC60 ја освои престижната награда на најбезбеден SUV, и автомобил со најдобри безбедносни перформанси

Престижната награда за најбезбедно возило за 2017 година што ја доделува Euro NCAP, ја освои Volvo XC60.

Популарниот SUV на Швеѓаните дебитираше минатат 2017-та година, а на тестовите на Euro NCAP oсвои речиси перфектни 98% од можните поени, во категорија безбедност на возрасните, a во својата категорија на големи SUV возила со 95% од можните поени, за цели 20% ја надмина најблиската конкуренција кога е во прашање безбедносна асистенција, со што само ја потврди лидерската позиција на Volvo кога е во прашање безбедноста.

Во Volvo не го кријат задоволството од ова официјално признание и како што и самите велат XC60 e најбезбедниот Volvo што досега е направен.

Малин Екхолм (Malin Ekholm) претседател на Volvo центарот за безбедност вели: „XC60 e преполн со технологии создадени да помагаат на возачот, помогнат во заштита на патниците во возилото и на сите други учесници во сообраќајот како пешаците и велосипедистите, а и во намалување на опасноста од судир.

Наша цел е до 2020 година да нема заинати и тешко повредени во сообраќајките”.

Моделот Volvo XC60 само го продолжува во најдобар манир тоа што го постигнале претходните модели: Моделот XC90 во 2015 година го доби истото признание во класата на големи теренци и во вкупни перформанси, а пред XC90 истото го постигнал и V40 во класат на мали семејни возила.

На тој начин XC60 им се приклучи на моделите S90 и V90 и во категоријата Автономното итно кочење  со што Volvo е првиот производител што тоа му „тргнало од рака“.

Autonomous Emergency Braking (AEB, Автономно Итно Кочење) се оценува во категориите, возење во град, возење вон град  и пешаци, а Volvo e единствен производител со максимални оценки во сите три категории.

Потсетуваме, секоја година независната европска институција што ја проверува безбедноста на автомобилите -Euro NCAP го прогласува возилото што постигнало максимални оценки во категориите: заштита на возрасните патници, заштита на децата во возилото, заштита на пешаците и системите за безбедност и асистенција во возењето.