Трката Mille Miglia – дел oд легендата за Alfa Romeo и натаму инспирира

170

Се е подготвено за единственото возбудувањ што секоја година го носи ова историско потсетување на трката Илјада миљи, легендарно натпреварувње опишано како „најубава трка на светот“

Трката што се одржува по 36 пат годинава ќе се одвива на традиционалната траса Бреша-Рим-Бреша, a Alfa Romeo ќе биде автомобилски спонзор и почесен гостин  бидејќи годинава е 90 годишнина од првата победа на марката на легендарната трка што се одршувала од 1927, до 1957година.

Потолно на први април 1928-та Џузепе Кампари (Giuseppe Campari) и Џулио Рампони (Giulio Ramponi) победиле во моделот 6C 1500 Super Sport, едно од ремек делата на Виторио Јана (Vittorio Jano).

Моделот бил непобедив благодарение на револуционерниот механички дизајн, вклучувајќи ги и фиксираниот цврст покрив и мотор со супер полнач. Вонсерискиот автомобил ја минал патеката  долга 1.618 km со неверојатна просечна брзина од 84 km/h, и ја остварил првата од 11 победи на Alfa Romeo, a седум се едно по друго, од 1932 до 1938 година: рекорд што никогаш нема да падне.

Со желба повторно да ја оживее атмосфеарата што го следела епските подвизи постигнати од смели луѓе на патишта од минатото, прекриени со прав, oд 19 мај, во Alfa Romeo музејот во Арезе (Милан) ќе биде изложена поставка „11 пати шампион“ (11 volte campione). Поставката, што ќе биде отворена до декември 2018та, посетителите ќе може да  ја видат секој ден од 10 до 18 часот (освен во вторник), а на 19 мај, Арезе, прв пат во својата историја ќе биде домаќин на една трка Илајада миљи, овозможувајќи им на автомобилите да учествуваат во трки на време (time trials) на интерна патека во музејот.

Сопствениците на Alfa Romeo, автомобили, како и љубителите на брендот ќе можат да присуствуваат на самиот настан: само тој ден, а влезниците за музејот ќе вклучат и пристап на надворешниот дел и на патеката, како и на изложбата на класични автомобили поврзана со трката Илјада миљи, во орханизација на италијанскиот регистер на Alfa Romeo. За да се направи место за автомобилите што ќе учествуваат на трката, во санота 19 мај, посетителите ќе можат да го користат надворешниот паркингво улицата viale Luraghi, што во текот на денот, со автобус, ќе биде поврзана со музејот.

За повеќе информации посетете го сајтот www.museoalfaromeo.com.

Бесплатен превоз, исто така ќе биде обезбеден и помеѓу музејот и железничката станица Rho-Fiera, преку терминал на линијата MM1 во метрото, oд 8 до 18 часа.

Импресивниот музеј на Alfa Romeo, познат и како „Временска машина“,  отворен е 24 јуни 2015 година и претставува срце, вистинскиот „бренд центар“. Музејот е осмислен во рамки на голем проект на унапредување од страна на архитектите Бендето Камерана (Benedetto Camerana) така да ги поврзе минатото, сегашноста и иднинатана брендот.

Како и просторот каде се изложени клучните модели од колекцијата на класични автомобили на брендот Alfa Romeo,  целата локација е полна со активности и настани, па така имаме архива, интерна патека, простор за случувања, кафуле Alfa Romeo и салон со простор за презентации.

Возачите Маркус Ериксон (Marcus Ericsson) и Чарлс Леклер (Charles Leclerc) од F1 тимот на Alfa Romeo Sauber, што се натпреварува во актуелниот шампионат на  Formule 1 за 2018 година ќе бидат присутни на 19 мај. Нивното учество е вистински докза за та колку е тркачкиот свет нераскинливоврежан во генетиката на брендот Alfa Romeo.

Маркус Ериксон: „Многу сум среќен што ќе учествувам на трката Илјада миљи. Во прашање е легендарен настан и ќе ми биде посебно искуство да учествувам по прв пат. Многу сум горд дека ќе го претставувам  Alfa Romeo на еден таков настан, со нетрпение чекам да ги видам сите тие класични автомобили и зошто да не возам и еден од класичните модели на Alfa Romeo“.

Чарлс Леклер: „ За мене е голема чест да учествувам на еден таков историски настан каков што е трката Илјада мињи. Имам огромна страст кон автомобилите, а особено кон класичните и ќе ми биде големо задоволство да видам некој од нив на оваа трка. Ќе биде забавно во оваа посебна прилика да се вози Stelvio Quadrifoglio низ улиците на Милано, како и класичните модели на Alfa Romeo.“

Оваа победничка посета на музејот на Alfa Romeo во Арезе претстаува омаж за италијанскиот бренд кој направил повеќе од било кој друг бренд за да ја порави сликата за трката Бреша класик во колективното сеќавање. Во годинешната трка ќе учествуваат неколку величенствени класични автомобили на Alfa Romeo – модели 6C 1500 SS, 6C 1750 GS, 1900 SS и 1900 Sport Spider – што инаку се изложени во музејот а доаѓаат од колекцијата на збирката  на FCA Heritage, оделението во рамки на групацијата што е посветена на зачувување и промоција на историското наследство на италијанските марки во склоп на FCA групата.

За крај, покрај овие раритети тука ќе биде и флотата од 30 модели Giulia и Stelvio што брендот ќе ги стави на располагање на организаторите како официјални возила за трката Илјада миљи 2018. Не постои подобар доказ за силата на врската што ги спојува автомобилитѕе од минатото со тие што денес се прават.

Возењето во овие модели престставува оригинален начин да се почувствува искуството од трката и во исто време да се открие тркачката легенда на брендот Alfa Romeo, уште повозбудлива во моделите Stelvio Quadrifoglio или  Giulia Quadrifoglio кои претставуваат најдобатр израз на новата генерација автомобили на Alfa Romeo и кои ја носат митската значка што уште од 1923 година се доделуваат на моделите на овој италијански бренд кои имаат најдобри перформанси.