Уште една драма на Dakar 2018-Петерхансел има дефект а Сајнц води!

314

Во седмата етапа на најтешкото авто-мото натпреварување во светот релито Дакар, водечкиот во генералниот пласман, поради дефект на неговиот автомобил, седи заглавен повеќе од еден час и по поправката тој продолж и стигна на цел 12, со задоцнување од 1,48 часа зад победникот на етапата Карлос Сајнц

На половината на седмата етапа на Dakar Rally, на делницата од Ла Паз до Ујуни, долга дури 727 km, со специјален испит што е долг 425 km, Французинот Стефан Петерхансел, кој и во оваа етапа беше во водство ( а водечки беше и во генералниот пласман) застана поради проблеми на својот автомобил -Peugeot 3008 DKR.

До овој момент тој загуби повеќе од еден час, а крај него запрел и неговиот клупски колега Французинот Сирил Депре за да му помогне.

Потсетуваме Депре се наоѓа дури на 48-то место во генералниот пласман на 40 то изданија на Dakar Rally, a неговото заостанување не може да се надополни бидејќи изнесува 41.32.41 часа зад водечкиот.

Во седмата етапа засега води легендарниот Шпанец El Matador,  Карлос Сајнц, кој и во својата 55 година покажува дека е меѓу водечките рели шампиони во светот

.

Сајнц со својот Peugeot 3008 DKR полека но сигурно граби кон целта и ако успее да ја сочува првата позиција ќе го преземе лидерското место и во генералниот пласман на Dakar 2018.

Така Сајнц ја истакнува својата кандидатура за апсолутен победник на годинешното изданиер на Dakar Rally.

По повеќе од 1,15 h Петерхансел го замени оштетеното задното тркало, суспензијата, како и други оштетени делови на возилот и се вратил во трката за да на крајот стаса како 12 со дури 1,47′,56” h заостанување зад Сајнц.

Се чини дека битката за титулата на  Dakar 2018, за големиот Петерхансел е загубена, но ова натпреварување има многу предизвици и изненадувања и тука побесуваат најиздржливите и најупорните па се уште ништо не се знае.