Шпионски фотографии на McLaren BP 23!

80

Станува збор за добро маскираниот наследник на легендарниот супер спортски модел на Британците -P1, што на располагање ќе има расно ергеле од 1000 ждребиња…

На интернет проструи интересен видео запис снимен некаде во Велика Британија, a на клипот може да се види неименуван автомобил на McLaren прекриен со дебел слој на камуфлажа.

Од она што се знае можеме да претпоставиме дека под маската се крие изведба на концептниот супер спортски модел BP23 што Компанијата го најави во септември минатата 2017 година.

Најавен е како модел со три седишта, централното на возачот малку форсирано нанапред, што треба да го наследи P1, a кој би требало да биде најбрзиот автомобил што компанијата досега го произвела.

Ќе биде базиран врз моделот 720S, а ќе располага со хибриден погонски склоп, во кој ќе бидат комбинирани бензински агрегат со работна зафатнина од  4.0-литри со осум цилиндри, поставени во форма на латинската буква „V’, опремен со турбина и електромотор, што ќе располага со вкупна моќ од дури 1000 KS.