Amazon си набави електричен ван од Mercedes

77

Гигантот во онлајн трговијата Amazon даде полна поддршка за новиот електричен ван на Mercedes eVito уште пред неговото лансирање, нарачувајќи 100 возила за базите на Amazon Logistics во Бохум и Дизелдорф, во Германија

Новиот електрични ван на Mercedes ќеима официјално деби на салонот во Франкфурт во септември идната 2019, а неговата цена во Германија започнува од 3. 990 евра без ДДВ.

Заедно со вановите, Mercedes ќе му достави на Amazon и станици за полнење на 100-те возила.

Нарачката на Amazon, сепак сеуште е далеку од онаа која ја има договорено Mercedes со модната компанија Hermes – 1.500 електрични возила, каде влегуваат eVito и новиот eSprinter, па снабдувањето ќе започне од 2019 година.

Реалната автономија на eVito е 100km со едно полнење на батеријата со моќност од 41,4 kWh, поголемиот eSprinter постигнува 115km со батерија со 55 kWh, идеално, опсегот на двата автобуса може да се зголеми до 50%.