Fiat 500, 500X и 500L Mirror edition

128

Во понудата на Fiat наменета за пазарите на Стариот континет се наоѓа и специјалната Mirror едиција на севкупната гама на моделот „500“, почнувајќи од основниот 500, преку crossover изведбата 500X, па се до монуволименската верзија 500L

Специјалната едиција Fiat 500 Mirror (достапна и во Cabriolet верзија ) доаѓа со стандардните Uconnect инфо-забавен систем, со 7.0-инчен екран чувствителен на допир, a тука се апликациите на Apple CarPlay, Android Auto и Mopar Connect сервисот.

Многу атрактивна и интересна е и Italia Blue бојата на каросеријата, а кон привлечноста придонесуваат и деталите од хром (на браниците и на куќиштата на  ретровизорите), како и стандардните алуминиумски фелни со атрактивен дизајн на тркалата.

Следи Fiat 500X Mirror со едноставна Blue Jeans боја,  Satin Chrome деталите, потоа со 17-инчни Black Diamond алуминиумски тркала, xenon предни светла, Mirror ознаките, Blue Jeans предниот панел во внатрешноста и плавите шевови на седиштата, управувачот….

На крајот збор два и за Fiat 500L Mirror, со екстериер во две бои (комбинација на  Venezia Blue и Maestro Grey покрив), детали од хроми 17 инчни алу тркала.