Ford Focus со 5 ѕвездички на Euro NCAP

98

Се построгите правила на crash тестовите не влијаеa на целосниот успех на новата генерација на еден од најпопуларните компактни автомобили во светот

Новиот  Ford Focus деновиве во Ница, Франција, ги прави првите километри возен од специјализираните новинари од светот.

Од нивните известувања се гледа дека првичните впечатоци се многу поволни.

Но додека трајат тестирањата на компактната и караван изведба на популарниот претставник во С сегментот на марката со син овал во логото што засега е во најсилна изведба доаѓа со 1.5 –литарски  EcoBoost мотор со 182 KS, стасаа и резултатите од Euro NCAP тестовите на кои беше ставена новата генерација на Focus.

Независната европска институција што ја тестира безбедноста на новите автомобили Euro NCAP ги направи првите тестирања по новите построги критериуми (протоколи) а и тие детални тестови не го запреа Focus во неговиот успешен поход.

Најновата генерација на моделот Ford Focus се закити со максималните пет ѕвездички.

Новиот Focus помеѓу другото донесува технологија што освен пешаци и возила детектира и велосипедисти.

Исто така Focus постигна максимални резултати и при тестот на странични удари, благодарение на напредната структура на каросеријата и на материјалите со висока цврстина.