Ford Mustang Bullitt co деби во Детрит!?

197

Судејќи по се Ford планира премиерни изненадувања во Детроит а најважното од нив е сосема новиот Bullitt Mustang

Инсајдерски извори велат дека Bullitt ќе биде претставен на салонот во Детроит токму во време кога се одбележува 50 годишнина од легендарниот фил Bullitt од 1968 година.

Потсетуваме, главната рола во филмот ја игра холивудската икона, починатиот, Стив МекКвин, а за потребите на филмот е снимена една од најпознатите сцени на улични трки со автомобили.

Но, и покрај шепотењата, Мајк Левин, висок функционер во Ford, изјавил дека до денес нема никакви вести за ниту еден Mustang, но дека му годи големиот интерес што кај луѓето го предизвикува легендарниот американски  muscle автомобил.

Наспроти тоа што Bullitt Mustang не е помеѓу автомобилите што од Ford рекоа дека ќе ги претстават овој месец, сите знаеме дека неговата официјаслна премиера треба наскоро да се случи.

Минатиот месец имавме можност да ги видиме фотографиите на овој модел од снимањето на рекламниот материјал во Чикаго.

Како што дознаваме, новиот Bullitt ќе биде задвижуван од 5,0-l  Coyote V8 мотор.

Автомобилот ќе има унапредено потпирање, фелни со пет крака во црна и хром боја, црвени клешти на сопирачките и се разбира, спортски Brembo сопирачки и  Recaro седишта.