Harman ја покажа сопствената визија на контролната плоча од иднината!

140

Се што можете да видите на панелот пред вас е „екран, екран, екран и само екрани“, како наместо во автомобил да седите во летало што го истражува просторот помеѓу ѕвездите!

На годинешниот СЕЅ, деновиве, во Лас Вегас, Harman се претстави со нов концепт на дигитална командна плоча  на автомобилите од иднината, што како да пристигнала од 2050те години.

Потсетуваме, Harman e во сопственост на Samsung, a има амбиции со контролните плочи да ги снабсува сите големи производители на автомобили ширум светот и тоа во сегменто на луксузните возила какви што се Audi, или BMW.

Управувачката (командната) плоча се состои од голем екран што може да се подели и на неговите делови да се прикажуваат најразлични информации, дури и на различни патници во возилото.

Интересен детаљ е и физичкото постоење на копчиња во вселенски дизајнираната плоча за управување!

Токму така, копчиња, но и тие се од иднината бидејќи на себе имаат мал екран на кој се прикажува за што истите копчиња и се користат.