Hyundai со прва воздушна перница за панорамски покрив!

171

Hyundai Mobis објави дека компанијата разви прво во светот превентивно воздушно перниче, наменето за возилата со панорамски стаклен покрив

Главната задача на oвој заштитен систем е да попречи телата на возачот и неговите сопатници да бидат исфрлени од кабината на возилото во случај на тешка сообраќајна несреќа.

Од Hyundai Mobis велат дека единственото превентивно воздушно перниче е интегриран во задниот дел на панорамското стакло и при регистрирање на можност од опасност за патниците се отвора нанапред во стил на „спуштање на ролетна, а целиот процес трае само 0,08 секунди.

Клучен предизвик пред екипата на Hyundai Mobis за време на развој на новото воздушно перниче е дека треба да функционира и кога стаклениот панорамски покрив е затворен, или, пак, делумно е отворен, а за да ги обезбеди потребните параметри се употребени 11 патентирани инженерски и решенија на конструкторите.