Hyundai со ривал на Ferrari, Porsche, McLaren….!

279

Производителот на автомобили од Кореја, Hyundai, почна со развој на супер изведба, што ќе се продава под луксузната марка Genesis и ќе биде ривал на Ferrari, Porsche, МcLaren…

Toa, во своето интервју за  во интервју за Wheels, го кажа Лук Донкерволк, шефот на дизајнот на Корејците, а автомобилот ќе биде Coupe со две седиштаи погон на задни тркала.

Погонскиот агрегат ќе биде хибриден погонски склоп сочинет од бензински мотор со турбо полнач и неколку електромотори .

Моделот ќе го развива спортската дивизија N на Hyundai, предводена од Алфред Бурм, екс шефот на BMW M перформанс одделот.

Иако е новина, сепак ќе споменеме дека информации за слични намери од Hyundai се појавија уште во 2016 година, кога потпретседателот на Hyundai Мајк О’Брајан, пред медиумите кажал дека Компанијата размислува за супермодел, еден вид на аналогија на тоа што претставуваат  Lexus LFA и Honda NSX.

Една година пред тоа, есента 2015, Hyundai , на автосалонот во Франкфурт покажа виртуелната супер изведба N 2025, опремена со четири електромотори, хидроегн  ќелии, суперкондензатори и акумулација на енергијата од кочење, со вкупна моќ од 870 КС.