Land Rover ќе ги реставрира преживеаните први Defender модели!

145

Оригиналниот Defender за прв пат е покажан како концепт во 1948 година и моделот денес слави 70 години од појавувањето

Во таа чест ќе се одржат низа на манифестации и прослави а во тие рамки е и лансирањето на потполно нов модел на Defender.

Во таа чест компанијата успеала да лоцира еден од трите произведени пред продукциски модели што во далечната 1948 година бил покажан на салонот за автомобили во Амстердам.

Како што и се очекувало, овој модел ја дочекал својата 70-та година на постоење во многу лоша кондиција, но наскоро ќе блесне со ново светло, бидејќи за настап на главната манифестација ќе биде целосно реставриран.

Прекрасн е што оригиналниот на предпродукциската изведна на првиот Defender, иконата на теренските возила,  ќе биде вратен во првобитна состојба.