Nissan Brain-to-Vehicle (B2V) директна поврзаност на мозокот и автомобилот

91

Nissan ги објави првите информации и видео на целосно новата технологија Brain-to-Vehicle, за поголема активна безбедност и комфор во возилата на брендот што, за прв пат, ќе ги покаже на CES 2018

Nissan технологијата Brain-to-Vehicle (B2V) ветува дека ќе ја подобри реакцијата на автомобилот и ќе ги направи возилата уште попријатни за управување.

Системот се „порзува“ со мозокот на возачот и неговите намери, а како резултат на тоа, возилото почнува да реагира (да кочи, врти , забрува...) уште пред раката или ногата на возачот да го „стори“  движењето.

Тоа го олеснува возењето, ја подобрува безбедноста на патиштата и го крева на повисоко рамниште задоволството при возењето.

Претекнувајќи ја реалната реакција на возачот, Nissan Brain-to-Vehicle може да го преземе потребното дејство порано, да почне со вртење или да ги активира сопирачките, за 0,2 до 0,5 секунди порано, а во исто време оваа интервенција да остане речиси незабележана.

Уникатната B2V технологија може да биде интегрирана и во возила со автономно управување, а при регистрирање на непријатност кај возачот, вештачка интелигенција може да активира различни режими на однесување на патот и подесувања на возилото.

Со помош на виртуелната реалност, Nissan Brain-to-Vehicle може да ја преуредите атмосферата и амбиентот во кабината, да ја направи порелаксирачка при подолги патувања.

Деби оваа технлогија ќе има на 9-ти јануари на саемот за потрошувачка електроника СЕЅ во Лас Вегас.