SEAT ја забележа рекордна 2017-та !

286

Производителот на автомобили од Шпанија, SEAT, објави дека минатата година  продале рекордни 468.400 нови автомобили

Тоа е за 14,6% подобар резулта во однос на претходната 2016-та и воедно најдобро постигнување на марката од 2001, па наваму.

Зголемувањеро на продажбата од 46%, споредено со 2012-та го прави SEAT еден од најбрзо растечките брендови на европскиот пазар за минатата година.

Шпанскиот кармејкер забележа историски рекорди на главните пазари, Германија и Велика Британија, а и одличнио резултати постигнал и во Австрија, Швајцарија, Израел, Чешка и Мароко, а вкупното подобрување во однос на 2016 во бројки е  речиси 60.000 единици.

Носител на растот во SEAT лани беше Ateca, со 78.700 единици во нејзината прва цела година на пазарот, а зголемување од 2,9% има и Leon со 170.000 продадени единици во 2017, додека во продажбата на Ibiza е забележан раст од 0,6%,(152.300 единици).

-Причината за успешна продажба е производната офанзива, започната 2016 година, со Ateca и продолжена 2017 со обновениот Leon, петтата генерација на Ibiza и новата Arona, рече Вејн Грифитс, потпретседател на единицата Продажаби и Маркетинг на SEAT.

-Не само што постигнавме најдобри резултати од 2001, па досега, туку сме и една од најбрзо растечките брендови во Европа, на пат да ги зголемиме продажните простори.

Го подновивме асортиманот на производи и очекуваме целосното влијание на Аrona во продажбата за 2018 година, а  офанзивата на производите на SEAT ќе продолжи и годинава, со лансирање на нов голем SUV за седум патници .