Колку паѓаат цените на половните електрични автомобили?
Одговорот на тоа прашање го дава ThisisMoney, кој ги откри и конкретните модели кои изгубиле најголема вредност. Листата се состои од електрични автомобили со поминати околу 50.000 километри, од кои на некои им паднала вредноста за дури 30 отсто во споредба со претходната година.
Според информативните агенции, станува збор за споредба на цените од март 2023 година и март 2022 година.
Список на 10 користени модели кои изгубиле најголема вредност:
- Audi e-tron Sportback (2019-2023) – 23,3% пад на вредноста
- Peugeot e-2008 (2019-) – 24,6% пад на вредноста
- Volkswagen e-Golf (2014-2020) – 26,7% пад на вредноста
- Hyundai Ioniq (2016-2022) – 26,8% пад на вредноста
- Tesla Model 3 (2019-) – 26,9% пад на вредноста
- Audi e-tron (2018-2023) – 28% пад на вредноста
- Nissan Leaf (2017-) – 28,3% пад на вредноста
- Renault Zoe (2019-) – 28,5% пад на вредноста
- Jaguar I-Pace (2018-) – 28,7% пад на вредноста
- Tesla Model S (2014-) – 30,7% пад на вредноста
Дерен Мартин (Derren Martin), директор на Cap Hpi, компанија за анализа на цени, ги откри клучните причини за падот на цените на електричните возила.
„Главната причина за падот на цените на половните електрични возила е тоа што понудата на такви возила е драстично зголемена. Во 2022 година бројките пораснаа за 100 отсто во споредба со претходната година, а растот ќе биде 100 отсто оваа година“, објаснува Дерен.
Исто така, електричниот опсег останува голем проблем, како и загриженоста за тоа каде возачите ќе ги полнат електричните возила и колку време ќе им биде потребно да го сторат тоа на подолги патувања.
Важна причина е и цената за полнење на електричен автомобил, која драстично се зголеми во последните месеци.