10-те најпопуларни автомобили во Германија

На чело на листата е, а кој друг, ако не Volkswagen Golf, и мора да се призна никој не е изненаден од тоа …

Дури и повеќе, сите и очекуваат Golf да биде најпопуларен автомобил во матичната земја. Како и да е, германската Федерална управа за моторен сообраќај (KBA) објави кои автомобили се најзастапени во таа земја.

На прво место секако е VW Golf со 3,73 милиони единици во Германија. На второ место е уште едно чедо на Volkswagen – моделот Polo со 1,5 милиони единици, што е далеку помалку од првото место.

На третото место е Opel Corsа со 1,19 милиони автомобили, додека на четвртото место е Opel Astra што има само неколку единици помалку од Corsa.

Списокот е проследен со два премиум домашни модели – Mercedes C Class со 1,073 милиони единици и BMW Seriey 3 (1,071 милиони). Седми е VW Passat со 1,03 милиони регистрирани автомобили во Германија, додека осмата позиција ја држи Audi A4 со 940.000 единици.

Првите 10 се заокружуваат со два модели на Ford.  на деветтото место -Fiesta (880.000) и Focus на десеттото место (850.000).

Интересно е што не постојат SUV модели меѓу десетте најзастапени.

Иако КБА посочува дека нивната популарност расте од година во година, сè уште нема многу од нив.

Според податоците на германската администрација, на улиците на Германија има вкупно 3,77 милиони SUV модели, што е samo малку повеќе отколку што има примероци нa Golf.

Германците сè повеќе ги ценат класичните автомобили, а според најновите податоци (во кои беа вклучени возила регистрирани до 1 јануари оваа година), има нешто повеќе од 595.000 класици постари од 30 години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брендирани маски и еколошки Fiat 500e за претседателот на Италија!

Ставата на Ferrari 250 GTO повеќе не е заштитена – реплики на повидок

Наскоро Mercedes-AMG GT Black Series

Неуништливиот Aurus: Луксузната руска лимузината ги мина сите тестови

Најавен новиот Ford Bronco

Шефот на Nissan се извини поради загубите!

Lamborghini најави промоција на ново возило на 8 јули

AC Cobra вратена во живот и електрифицирана!

Американците го истражуваат Teslа: Пожарите на постарите Model S изведби можеби не се случајни!