Jaguar Land Rover со нов управувач со сензори за поголема безбедност!

Управувачи со греење не се никаква новина во светот на автомобилската индустрија, особено кај луксузните марки, но Jaguar Land Rover (JLR) на овој систем, покрај греењето на рацете на возачот,  му пронашол уште една потенцијална намена…

Имено, JLR во соработка со универзитетот во Глазгов, осмислил систем што користи греење и ладење на управувачкото тркало за да го информира возачот во која насока треба да сврти или, кога би требало да се престрои во друга  лента на коловозот.

Системот брзо го загрева, односно го лади тркалото на управувачот за до шест ( 6°C) степени Целзиусови, a температурата може и да се прилагоди, ако спомнатата разлика за возачот е преголема.

Во JLR веруваат дека со употреба на тој систем би се намалил бројот на сообраќајните несреќи со оглед на тоа дека возачот не би требало да го симнува погледот од патот и гледа на пример во централниот екран на информативниот систем за упатства од навигацијата.

Тоа е важно, сметаат Британците , со оглед на тоа дека токму невниманието е причина за голем број на сообраќајни несреќи .

Покрај можноста за давање упатства за насоката во која треба да се вози, таа технологија може да се користи и за пружање на некои други информации што не се така итни.

Засега нема информации за тоа дал и кога таа технологија ќе се примени во возилата на JLR.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камерите во BMW како црни кутии ги чуваат снимките по сообраќајка!

Jaguar I-Pace со поголема автономија!

Аudi Q7 освежување со hybrid погонски системи

Pirelli претстави гума со сензори што се поврзуваат со Интернет

Daimler и со рендгенски зраци ќе ги контролира автомобилите

Mazda RX9 со електрифициран погон

Потенки но не и помалку безбедни ѕидови за компактните модели!

Новиот дигитален кокпит на VW Golf 8

Доаѓа ера на се попаметни дигитални клучеви!