12-та етапа на Дакар рели 2013 ја донесе 5-та победа на Леб

Најпознатото и со најтешки предизвици рели во светот Дакар, во својата 12 етапа од оваа 2023 му ја донесе на Себастиен Леб и петтата годинешна етапна победа..

Релито Дакар 2023 се ближи кон крајот, а на 12-та етапа долга 376 километри, Себастиен Леб (Sebastien Loeb) во Prodrive Hunter, кој вози за тимот BRX со совозачот Фабијан Луркин (Fabian Lurquin), беше најбрз во конкуренција на возачи.

Второто место во етапата го зазеде Матијас Екстром (Mattias Ekstrom) во Audi RS Q e-tron E-2, заостанување од 3′:19”.

Насер Ал-Атијах (Nasser Al-Attiyah) ја мина целта со третото најбрзо време во Toyota GR Hilux.

Со својата петта последователна победа, Леб се искачи на второто место во генералниот поредок, но сепак со голема разлика од 1ч 27′:10” зад лидерот Ал-Атијах.

Како и да е се чини дека Леб некако доцна се „разбуди“ и дека Ал-Атијах е се поблиску до освојување на Дакар Рели 2023.

Бразилецот Лукас Мораеш (Lucas Moraes), што до 12-та етапа беше второпласиран во генералниот пласман, го зазеде само 12-тото место на етапата, со заостанување од 11′:382 зад победникот Леб, па сега тој зад легендарниот Французин заостанува две минути во генералниот поредок, но се уште има шанса да освои второ место.

Во конкуренција на мотоциклисти, победник на 12-та етапа на релито Дакар 2023 година е Хозе Игнасио Корнехо Флоримо (Jose Ignacio Cornejo Florimo ) на фабричка Hondа. Второто место на модерните „витези“ на две тркала, го освои Даниел Сандерс (Daniel Sanders) на фабричкиот мотоцикл GasGas со заостанување од 49“, додека Тоби Прајс (Toby Price) на фабричкиот KTM заврши трет со заостанување од 1′:58“ зад победникот.

Повторно имаше промена во генералниот пласман на мотоциклистите. Во водство е Тоби Прајс со 28 секунди предност пред Скајлер Хаус (Skyler Howes).

Во конкуренција на камиони, победата на 12 етапи ја освои Јанус Ван Кастерн (Janus Van Kastern) во Iveco, втор беше Мичел Ван ден Бринк (Mitchel Van den Brink) во Iveco, а трет Мартин Ван ден Бринк, (Martin Van den Brink) исто така во Iveco. Во генералниот пласман Јанус Ван Кастерн (Janus Van Kastern) води со 33 минути предност пред Мартин Ван ден Бринк.

Следната 13-та етапа, која воедно и е претпоследна, ќе биде долга 675 километри.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cadillac V-LMDh

Ferrari SF-23 нелегален!?

McLaren претстави „специјален автомобил“ – MCL60

Formula 1- претставен Ferrari SF-23

Возачите на Формула 1 не ќе смеат а даваат политички изјави

Cadillac сака во Formula1

Шпанија ќе добие уште една Moto GP трка!?

Alfa Romeo F1 Team Stake го претстави болидот C43 за претстојната F1 сезона

Подновени Renault Clio и Captur нов SUV и мал електричен автомобил