0

Mansory претставува уште еден модифициран Mercedes-AMG G63, а тоа е црн Mansory Mercedes-AMG G 63 4×4² со таканаречен пар на самоубиствени задни врати…

Исто така, неговиот 4.0-литарски V8 twin-турбо мотор сега има ,моќност од  850 КС и 1.000 Nm максимален вртежен момент. Овaа погонска единица доаѓа во комбинација со девет (9) -степен автоматски менувач на брзини и погон на сите четири тркала.

Пакетот Mansory, како и обично, го вклучува комплетот за аеро каросерија ( aero body kit) сочинет од нов преден браник со интегрирани LED светла интегрирани на браниците, проширени калници, хауба од јаглеродни влакна, ретровизори од карбонски влакна, заден спојлер на покривот, заден дифузер. Исто така, доаѓа и со капак на резервното тркало Mansory, дополнителни покривни светла, комплет црни тркала (тука со големина од 22 инчи), нов издувен систем со странични издувни цевки, како и дотерана внатрешност (црна кожа, црна алкантара, портокалови детали, Mansory волан, педали, елементи од јаглеродни влакна).

Цената не е спомената во кратките вести, а планот е да се пушти серија од само 10 примероци.