2020 -Nissan Navara N-Guard унапреден работник за тешки задачи!

За купувачите од Европа Nissan ја подготви дотераната Navarа N-Guard, модел за тековната 2020 година…

Во најкуси црти речено овој pick-up e достапен во четири нови бои (вклучително и Electric Blue бојата), со контраст сини шевови на кожните седишта, со 8.0-инчен NissanConnect систем, со CarPlay и Android Auto, како и со GPS навигација.

Исто така ревидирано е и потпирањето, а унапреден е и системот за кочење.

Под хаубата е инсталиран twin-turbo дизел агрегат, со работен волумен од 2,3-литри, со моќност од 190KS и 450 Nm максимален вртежен момент.

Агрегатот доаѓа во комбинација со шест степен мануелен менувач на брзини, или, со седум степен автоматски систем на трансмисија на силата.

Исто така опремен е и со погон на сите четири трала.

Од производителот уште е наведено и дека располага со носивост од 1100 kg, као и дека од 0 до 100 km/h забрзува за 11,2 секунди.

Дел од опремата помеѓу другото ја сочинуваат и системот за автоматско кочење, Around View Monitor, системот Hill Descent Control и системот Hill Start Assist, како и електронскиот  (eLSD) диференцијал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE

Наследникот на Toyota GT86 доаѓа идната година?