Дизајнерското студио од Италија – GFG Style (Giorgetto и Fabrizio Giugiaro) деновиве покажа уште две концепт возила …
Првото е наречено GFG Style Vision 2030 Desert Raid, а истото го опишуваат како електричен hyper SUV, во чија конструкција се употребени алуминиум и јаглеродни влакна.
Во однос на претходниот GFG Style Vision 2030, новиот GFG Style Vision 2030 Desert Raid, има повисок клиренс (сега оддалеченоста од подлогата изнесува 240 мм), следува поголем багажен простор, заштитни елементи, поширока трага на тркалата и нови тркала големи 20 инча.
Информаците велат дека во електричниот модел со две седишта има погон на сите четири тркала, електромотор со 510KС и 680 Нм, а опременоста со батерии со капацитет од 90 kWh му обезбедуваат автономија во возењето, со едно полнење на истиот, од околу 450 км..
Исто така стои и дека забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае само 3,8 секунди и може да постигне максимална брзина од 250 км/ч. .
Во однос на габаритот располага со должина од 4770 мм, ширина од 2120 мм, висина од 1360 мм, додека пак растојанието помеѓу оските изнесува 2830 мм.
Тука е и концептот GFG Style Bandini Dora, уште еден 100% електрична спортска креација на четири тркала.
Во кусите податоци за него стои дека автомобилот располага со моќност од 400 kW/544КС и 680 Nm вртежен момент, како и со батерија со капацитет од 90 kWh, a автономиајта со едно полнење на батеријата изнесува до околу 450 км.
Од GFG Style велат дека Bandini Dora од 0 до 100 км/ч забрзува за само 3,3 секунди и дека постигнува топ брзина од 250 км/ч.
Во однос на димензиите, пак, GFG Style Bandini Dora e дог 4800 мм, широк 2000 мм, висок 1150 мм, додека растојанието помеѓу оските изнесува 3000 мм.
Поставен е на импресивни тркала со големина од 21 инча, со фелни од лесни легури.