Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Производителот од Кореја кон почетокот на минатиот месец го претстави својот концепт Prophecy, а сега објави нови фотографии и детали од овој футуристички автомобил…

Деби настапот за концептот Prophecy беше скромен бидејќи Салонот за автомобили во Женева, каде што оригинално требаше да се случи премиерата, беше откажан, а Hyundai преку дигитални канали објави само неколку статични фотографии.

Меѓутоа, производителот од Јужна Кореја сега  го исправа пропустот и го прикажува својот концепт во едно поинакво светло, споделувајќи нови фотографии и повеќе детали.

Впечатлив е изгледот на Prophecy кој неодоливо потсетува на моделите на Porsche, а од Hyundai истакнуваат дека заоблениот изглед е инспириран од дизајнот на купе возилата од дваесеттите и триесеттите години на минатиот век.

Како и да е, не треба да се очекува еволуција на таквиот дизајн што би станал дизајнерски јазик на марката бидејќи стилистите на брендот негуваат поинаков лик.

Освен надворешноста Prophecy доаѓа и со импресивна внатрешност.

Замислен е како автомобил кој користи автономни системи на возење, но е овозможена и мануелна контрола.

Наместо управувач, доби два џојстик управувачи, а 90% од системот на автомобилот се контролира со помош на копчиња на споменатите командни палки.

Во однос на технологијата, Prophecy има екран што се протега низ целата предна арматура и нуди одлична прегледност благодарение на отсуството на класичниот управувач.

Екранот може да се ре конфигурира за забава кога е активен режимот за автономно возење, па така кабината се претвора во простор за релаксација и уживање во спотови или филм.

Голем придонес имаат и паметните седишта кои овозможуваат автоматско позиционирање на основа на висината и тежината на патникот.

Но едно нешто е ќе можете да го сторите – да ги спуштите страничните прозорци. Наместо тоа, Prophecy го собира воздухот кој се филтрира и прочистува дури и кога нема никој во автомобилот.

Кога говориме за погонскиот систем засега се знае само дека е електричен, а автомобилот е базиран на E-GMP платформата на Hyundai.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Genesis G80 дрско и без ронка страв на мегдан со Audi, BMW и Mercedes!

Специјална понуда Citroen C3 Aircross Rip Curl

И BMW Serieѕ 6 Gran Turismo ги затегна брчките!

Обновенa BMW Series 5

Обновени Mercedes E Сlasѕ Coupe & Cabrio

Најавен новиот Hyundai Santa Fe

Jeep Compass добива турбо бензински мотор со волумен од 1.3-литри

Можно ли е или само шпекулација – Fiat ќе ги спои 500X и 500L во 500XL

Kia ги претстави плановите за раст на продажбата на електрични возила