3Д Печатење – иднината на изработка на мотоцикли

Запознајте се со Morlaco, супер бајк со преден дел што по малку и смешно изгледа, а што има погонски агрегат од далеку попознатите Fireblade мотоцикли…

Но, тој вниманието он себе го привлече со сосема друг факт: неговата каросерија и бројни други компоненти се произведени со помош на 3Д печатење технологија.

Самиот мотоцикл е креација на малата инженерска фирма од Валенсија – Bottpower. Работите поврзани со него се ближат кон крајот, а досега, од 3Д отпечатените делови, добил резервоар, седиште, преден калник, како и многу други делови и елементи.

Користењето на тој процес би можело да донесе револуција во мото индустријата, a до сега, правењето на сложени форми од материјали какви што се полимер и титаниум, во главно било само о фаза на експериментирање, до прототип.

Давид Санчез, еден од луѓето во Bottpower компанијата, вели дека нивната намера била што е можно повеќе да го искористат процесот на 3Д печетење во производство на овој мотоцикл.

Со него на овој проект работеле и специјализирана фирма, Optimus 3D, што досега ги има направено airbox, вшмукувач за воздух, како и седиштето и под рамката  –  и сето тоа преку компјутерски контролираниот процес.

Според најавите, овој мотоцикл, ако се се одвива според предвиденото, би требало да биде готов летото тековната 2020 година.

Покрај малата маса (тежина) како минималистичкиот дизајн оваа постапка на изработка би можела да биде исклучително успешна пред се во производство на уникатни машини, бидејќи целата постапка го забрзува самиот процес на изработката.

Како што лично и самиот Санчез истакнал, за  дизајнот и за изработката на деловите биле потребни четири дена.

Се чини дека процесот со 3 Д печатењето наоѓа се повеќе најразлични примени и дека претставува нова револуција во индустријата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Италија пристигнува вирус на две тркала – Vyrus Alyen

BMW R18 – новиот крстосувач конечно покажан

Kawasaki Ninja ZX-25R во карбонско издание

Електричен мотоцикл од иднината – Z Motorcycle

На радост на моторџиите вљубени во BMW пристига новиот R18

Harley-Davidson со Porsche дизајн на агрегат!

Мотоцикл од дрво вози со 220 km/h!

Мотоцикл Lazareth LM 410 чини100 илјаи евра

Нај сестран електричен мотоцикл на светот -Cake Ösa