A3 Sportback (2021) ја покажува својата уметничка црта

Поради подмладениот дизајн акцентиран со пакетот S Line, новиот Audi A3 Sportback би можел неодоливо да ве потсетува на новата генерација на перформанс изведбата RS3. …

После неколку тестови на забрзување, камерата пред околу десетина дена, ја сними оваа верзија и во „по уметничко“ издание.

Ексклузивната Python Yellow нијанса е достапна само за одредени модели на Audi, а тоа е, всушност, варијанта 35 TFSI.

Невообичаената димензија на решетката на ладилникот ви го креира ставот дека зад него е спакуван гломазен погон.

Сепак, номенклатурата од 35 TFSI претставува ознака за 1,5-литарскиот турбо бензински мотор, кој на 5.000 до 6.000 вртежи во минута испорачува 148 КС.

Германскиот производител на премиум автомобили со четири прстени во логото нуди можност за комбинирање со стандарден шест -степен мануелен или S Tronic менувач.

Во тој случај, на компактниот хечбек му се потребни 8,4 секунди за да забрза од 0 до 100 км/ч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!

Наскоро обновена Bentley Bentayga Speed

Lada 4×4 кампер

Volkswagen навести враќање на класичните модели, но со електричен погон

Кристијано Роналдо го купи најскапиот автомобил на светот Bugatti La Voiture Noire