Abarth 1000 SP во лимитирано издание

Во мај годинава, Abarth на јавноста и претстави модерна интерпретација на некогашниот тркачки модел 1000 SP (Sport Prototipo), кој според најавите требаше да остане само интересен уникат…

Сепак, некои италијански медиуми сега објавија информација дека Abarth ќе прави строго лимитирана серија на модерни модели 1000 SP.

Имено, има само пет примероци и, како што сега стојат работите, сите се однапред продадени.

За жал, цената не е наведена во кратката вест лиферувана од производителот.

За потсетување, Abarth 1000 SP е базиран на Alfa Romeo 4C Spider, го придвижува централно поставен 1,75-литарски четирицилиндричен турбо мотор со 240 КС и има погон на задните тркала.

Исто така, овој двосед тежок 1074 kg (во конструкцијата се користат карбонски влакна) може да достигне максимални 250 km/h.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отповик на Chiron Pur Sport поради проблеми со гумите

Niutron NV

Porsche прв ЕV што совладал висинска разлика од 4.842.967 метри

Noble M500

Hennessey  Venom F5. со ергеле моќно 1.817 КС

Bugatti го претстави својот ромобил Bytech

Жената Астронаут од проектот SpaceX место Tesle избра друг EV

Tesla Model S поминал 1,5 милиони километри!

Редок класичен Chevrolet Corvette