Abarth на прекрасен начин ја одбележа 70-годишнината од основањето

Популарниот италијанскиот спортски автомобилски бренд на својот 70-ти роденден лансира јубилејната 70-th Anniversary, специјална серија модели

На неодамна завршениот 87 рели Монте Карло, популарната спортска автомобилска марка Abarth ja искористи можноста на прекрасен начин да го прослави својот 70- ти роденден..

Имено, таа на јавноста и ја покажа специјалната и атрактивната 70th Anniversary серија на своите модели.

Токму така, 70th Anniversary серијата е направена по повод 70-годишнината на брендот Abartha, што потсетуваме е основа во март 1949 година.

Во јубилејната серија се опфатени моделите: 595, 124 Spider и 124 GT, што за оваа пригода се надградени со специјално дизајнирани беџеви на популарната „ скорпија“.

Инаку, Abarth, во текот на минатата 2018-та година на пазарите ширум Стариот континент продал 23.500 автомобили.

Тоа, претставува зголемување на продажбата во однос на претходната 2017 година од 36.5 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Баварците со моќна артилерија- BMW X3 и X4

Иднината на pick-up е на струја или!!!

Porsche 356 A Speedster на аукција- Деликатес за колекционерите

Geely и Daimler го прошируваат партнерство

Новиот Renault Zoe со едно полнење на батериите минува 400km!

И Tucson во N performance дивизијата  на Hyundai

Alfa Romeo камиони- тоа би било фантастично

Шест децении Škoda Octavia (1959 – 2019)- Успешна приказна од Млада Болеслав

Citroën ќе го прослави 100-от роденден со единствена изложба!