AC Cobra 378 Superblower MkIV

Само како потсетување, ќе речеме дека британскиот AC неодамна објави дека подготвил електрична верзија на легендарната Cobrа (има електричен мотор со моќност од 308 КС и 500 Nm, со автономија од 241 км), како и специјална едиција на Charter Edition Cobra 140 (со мотор на Ford, познатиот 2,3-литарски EcoBoost, со четири-цилиндри што тука развива моќност од 350 КС и и 440 Nm)…

Електричната Cobra ќе биде направена во серија од  само 58 примероци (во чест на 58 години од почетокот на производството на првиот AC Cobra), по цена од 138,000 британски фунти, додека варијантата со бензинец од 350 КС чини 85.000 фунти.

Во меѓувреме, AC воведува уште една верзија на Cobra, со V8 мотор.

Тоа е AC Cobra 378 Superblower MkIV со 6,2-литарски V8 мотор од C7 генерацијата на Corvette Z06, при што во Cobr развива моќ од 580 КС.

Пакетот исто така вклучува LSD диференцијал, multi-link суспензија, тркала со фелни од леснни легури, со големина од 16 до 18 инчи …, а во внатрешноста црна кожа…

Цената е 129.500 фунти, а првите копии се веќе во производство.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!

Наскоро обновена Bentley Bentayga Speed

Lada 4×4 кампер

Volkswagen навести враќање на класичните модели, но со електричен погон

Кристијано Роналдо го купи најскапиот автомобил на светот Bugatti La Voiture Noire