Acura ARX-06

За сезоната 2023 IMSA SportsCar Championship, тркачката класа Daytona Prototype International (DPi) ќе се преименува во Grand Touring Prototype…

IMSA подготви нови прописи, вклучително и воспоставување на стандардизиран систем за хибридна помош (hybrid-assist sistema).

Acura реагира на новите регулативи (донесени за да се зголеми економичноста на горивото и одржливоста) со целосно новиот ARX-06 Le Mans Daytona Hybrid, кој е претставен во петок за време на настанот на Неделата на автомобили во Монтереј (Monterey Car Week).

Овој тркачки автомобил LMDh со погон на задните тркала е придвижуван од 2,4-литарски V6 мотор со двојни турбо од Honda Performance Development, поддржан од гореспоменатиот сериски задолжителен хибриден хардвер.

Има и шест (6)-брзински секвенцијален менувач Xtrac, како и батерии на Williams Advanced Engineering, додека моќноста изнесува 500 kW/680PS.

Од Acura покрај тоа велат дека параметрите на класата GTP се дизајнирани да привлечат нови конкуренти, делумно со тоа што им дозволуваат на тимовите да дизајнираат учесници во трките што поблиску наликуваат на моделите на авто-производителите што се хомологирани за возење по јавни (отворени) патишта.

Изгледот на Acura ARX-06 е креација на дизајнерите и конструкторите од Acura Design Studio во Лос Анџелес, САД и помина низ сличен процес на дизајнирање како и производните, сериски модели на премиум брендот во сопственост на Honda.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавен RAM 1500 Revolution

Електричен Jidu Robo-01

Alfa Romeo Giulia и Alfa Romeo Stelvio го добија својот прв „Face-lift “

Конечно првиот електричен Abarth!

Mazda CX 80 пристигнува вгодина

Електричен Aiways U6

GMC Sierra EV Denali Edition 1

Новата Toyota Corolla Cross- Создадена за новите животни авантури

VW Trinity целосно ќе ги трансформира EV на марката во 2026 година