Acura Precision EV concept

Acura со кратко тизер видео ја најавува претстојната премиера на концептот Precision EV.

Со оваа студија, Acura ќе го открие својот нов дизајнерски јазик за својот голем чекор во насока на електрификација.

Засега е видлив само предниот дел на оваа прекрасна студија.

Концептот Precision EV има сина осветлена решетка со мрежеста шема напред, додека логото на Acura во центарот исто така свети.

Во моментов не е познато дали Precision EV Concept е на некој начин поврзан со Honda Prologue EV.

Тој модел ќе се базира на платформата Ultium на GM и ќе се продава во 2024 година.

Кога Honda го објави својот електричен crossover, потврди дека доаѓа верзијата Acura, но одби да даде дополнителни детали.

Според претходните гласини, сериската верзија на Acura EV ќе пристигне во 2024 година на платформата GM Ultium.

Исто така, уште во декември 2021 година, Honda поднесе барање во САД да го заштити името ADX, кое може да се користи за Acura EV.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебитира BMW XM

Обновен DS 3

Претставен Chery Arrizo 8

Новиот Range Rover Sport – Претставен во Македонија

Acura ARX-06

Chevrolet Silverado ZR2 Bison

Buick Envista

Koenigsegg CC850

Ford Territory