Адаптивно возење и „паметни“ амортизери!

Во компанијата Tenneco создале електронски амортизер со имплементиран дигитален вентил

Дебито, според најавите, би требало да биде веќе во 2022 година, но возилото во кое ќе се вградуваат не е најавено.

Електронски контролиран систем за потпирање постои на пазарот и се вградува во возилата веќе со години.

Но, инженерите на Tenneco измислиле нов тип интелигентен амортизер, во кој плочата на електричното коло, сензорите, вентилите и електрониката се содржани во внатрешноста на единицата.

Тоа значи дека интелигентниот, активен систем за потпирање може да се интегрира во возилото без преголема реорганизација на електричниот систем или архитектурата на автомобилот.

Но уште по значајно е  дека амортизерите овозможуваат управувањето, упрвливоста и возењето автоматски да се прилагодуваат на условите на патот, подобрувајќи ја удобноста и перформансите.

И, ако се ориентираме  уште подалеку од вообичаената карактеристика на возилата со избор на спортски, или удобен режим на возење, дигиталните амортизери на Tenneco овозможуваат возилото да понуди избор од дури осум режими.

Главниот одговорен за технологија на Tenneco верува дека производителите на возила се повеќе ќе се насочат кон системи за потпирање што се адаптираат кон ситуацијата (состојбата на патот, теренот и условите), како производ по кој ќе се разликуваат.

„Една од придобивките е пакувањето”, вели тој за паметниот амортизер. „Тоа е во основа додаток.

Ако ги погледнете горните и долните точки на поврзување, тие изгледаат сосема исти како и кај традиционалните амортизери.

-Ние ја интегриравме целата електроника. Амортизерите може да се вградат и во возило кое е веќе во употреба, без да треба да треба да се отстранат или оштетат краевите”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Jeep Compass 2020, нов бензински мотор, побогат инфозабавен систем и со mild hybrid верзија!

По повеќе од шест децeнии Bentley го пензионира V8 L-Series моторот

Идната генерација на ултимативниот BMW M5 ќе има моќ од електрични 750 kW 

Opel за новата Mokka најавува high- tech внатрешноста!

VW инвестира 2,6 милијарди евра во „старт-ап” компанијата Argo AI

Најавен Maserati Ghibli Hybrid

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!