Администрацијата на Трамп нуди евтини автомобили- го напушта еколошкиот концепт на Обама

Актуелниот претседател на САД решил да ги занемари сите еколошки норми и совети на научниците за глобалното загревање на Земјата поради засилениот ефект на стаклен градина од преголемото испуштање на штетните гасови од возилата…

И додеа Европа е еколошки регулирана до ниво на кое производителите на автомобили мака мачат да ги исполнат стандардите за емисија на штетните гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина, Доналд Трамп, претседателот на САД  решил да ги занемари сите еко  норми и совети на научниците за загревање на Земјата поради засилено испуштање на гасови со ефект на стаклена градина.

Претходното еколошко правило, донесено во времето на Обама, претходникот на Трамп, им заповеда на производителите на автомобили да до 2025 година ја намалат емисијата на штетните гасови за 5%. Тоа се однесува на просекот на поедините производители во нивната вкупна годишна продажба на автомобили во САД.

Сега тоа Трамп го намали односно донел одлука – уредба производителите на автомобили секоја година до 2026та да мораат да ја намалат вкупната емисиа на своите продадени автомобили за 1.5 % годишно.

Претседателот рекол дека тоа ќе ги направи автомобилите поевтини во просек за 3500 долари по возило.

Имено, на нив нема да има потреба за вградување на скапи системи за редукција на штетните гасови.

Дали сето ова е поврзано со лошите резултати на администрацијата на Трамп во борбата со корона вирусот ? Тоа можеме само да го претпоставуваме…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW го загуби клучниот спор во аферата Dieselgate

Женева 2021 под знак на прашалник!

Renault затвора четири фабрики во Франција!?

Во Dacia подготвуваат нов SUV со седум седишта

Цените на горивата во државава повторно растат

Volkswagen: Golf, Polo и Passat ќe исчезнат од „најнапредните пазари “

Kia со мини електричен автомобил ривал на Citroen Ami!

VW ќе ги продава возилата од електричното I.D. семејство само преку Интернет

Добри вести од Hyundai од 25 мај почнува производство на обновениот i30