Aiways U6

Минатата година кинескиот Aiways најпрво го претстави концептот U6ion, а сега пристигна и неговата сериска верзија U6 …

Поточно, нејзината официјална продажба во Кина ќе започне на почетокот на летото. Нема големи визуелни разлики ако се гледа врз основа на концептот.

Инаку, станува збор за електричен crossover – coupe  базиран на истата платформа MAS (More Adaptable Structure – Повеќе прилагодлива структура) како и претходно претставениот модел U5.

Тука, исто така, треба да се забележи дека изгледот се должи на поранешниот шеф на дизајнот во Pininfarininа познатиот дизајнер, Кен Окујама (Ken Okuyama).

Исто така, се издвојуваат дигиталните инструменти, потоа воланот со два крака, 14,6 инчен екран на допир, како и стаклениот панорамски покрив.

Стандардниот U6 го има истиот погонски систем како гореспоменатиот U5, што подразбира моќност од 140 kW / 190кс и 315 Nm максимален вртежен момент. Тоа овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч од 7,6 секунди.

Батериите со капацитет од 53 или 63 kWh овозможуваат автономија, со едно полнење на истите, од 400 до 500 km (по NEDC циклус).

Исто така, треба да се напомне дека е планирана и трета верзија со автономија од околу 650 км.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Seat Leon доби нов TSI мотор со 190 КС

MY AMI CARGO: УНИКАТНО И ПАМЕТНО ЕЛЕКТРИЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ

Конечно пристигна четвртата генерација на Škoda Fabia

Наскоро мал SUV на Fiat

Новата генерација на Suzuki Swift Sport пристига 2023

Новите Jaguar F-Pace и Jaguar E-Pace стасаа на нашиот пазар

Најавен нов Volkswagen Multivan

BMW Series 2 Coupe веќе летово, а М дури на почеток на 2023 година

И официјално нова Honda Civic