АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Twingo Cup по успешната прва сезона во 2020 година повторно ќе биде во центарот на вниманието на љубителите на високите октани во Македонија…

Новата натпреварувачка сезона стартува овој викенд (22 и 23 февруари) и тоа на патеката „Гробник“ во Хрватска.

Осум македонски натпреварувачи, ќе ги тестираат своите квалитети на интернационално ниво: Мартин Делев, Давид Малинковски, Ангелче Стојковски, Емил Нацка, Слободан Трајковски, Иван Стефановски, Владимир Треневски и Мартин Костовски.

На стартот на „Гробник“ ќе се појават дури 30 автомобили Twingo, бидејќи покрај нашите натпреварувачи учество ќе земат и натпреварувачи од Estet Twingo Cup и Italian Entry Cup.

Според првичната програма во сабота (22 февруари) ќе се одржат слободни тренинзи, квалификации и две спринт трки, додека во недела (23 февруари), исто така ќе има тренинзи, квалификации и четири часовна трка во издржливост.

За Renault Twingo CUP

Во натпреварувачкиот куп моделите Renault Twingo  се унифицирани и специјално модифицирани од страна на  Lema Racing Team со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики.

За овој куп планирани се  осум трки од што четири на кружни патеки и четири ридско- брдски,  согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација .

На крајот од секоја сезона првите три места се одвоени парични награди додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот  е 100% електричното возило Renault TWIZY.

Официјалните спонзори на купот се: Аутомотив Груп – официјален импортер на брендот Renault во С.Македонија, ПСС (Power Sport System) Триглав Осигурување, Шпаркасе Лизинг и компанијата Мотул.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru WRX S4 STI Sport #

Новиот Stratos влегува во производство, премиерата во септември

„Милиони животи да се спасат на патиштата“- Жан Тод

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Скроен планот за старт на Formula 1 сезоната!

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000