Ако еден автомобил го користат повеќе возачи задолжително дезинфицирајте го!

Во големите семејства, а особено во случај на службени автомобили, кога голем број на возачи се менуваат зад управувачот, потребно е да се грижите и за дезинфекција на возилото …

Неодамна објавените резултати на студиите спроведени во Германија покажаа дека корона вирусот на пластика може да преживее и до девет дена.

За разлика од Германија, услугите, како што се делење автомобили, не се оживеале во нашата земја а с чини дека уште долго време и нема, но сепак имам семејства а секако и фирми, каде повеќе луѓе управуваат еден автомобил.

Животните ситуации како оние кога неколку членови на семејството користат ист автомобил кај нас се многу чести.

А за случаи со употреба на службени автомобили, и нe треба да се каже дека истите ги возат или во нив се возат голем број лица.

Не треба да се потенцира дека во такви случаи е потребно да се посвети поголемо внимание на дезинфекцијата на рацете и површините во автомобилот.

Имено, освен фактот дека корона вирусот може да преживее на пластика – до девет дена, тој може да преживее и на метални површини и тоа дури до пет дена.

Затоа, препораката на сите возачи што користат автомобили во горенаведените услови е секогаш да имаат квалитетен дезинфициенс со нив.

Имено, истиот може да се искористат за да ги избрише рачките на вратите, потоа, воланот како и менувачот.

Тоа претставува минимумот што секој може да го инвестира во одржување на здравјето, а нe би било лошо од време на време со дезинфициенс да се третираат прозорците, дршките на вратите одвнатре, пресвлеките на седиштата и обложени површини со текстил, или кожа, во кабината на автомобилите….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија: Предлог поголеми и потешки автомобили да плаќаат повеќе за паркирање

Најпопуларни автомобили август во Германија

Renault Kadjar ќе добие електричен наследник

Луксембург со најмногу автомобили на жител во Европа

Русија повеќе не казнува „преголема просечна брзина“ на патиштата

Новиот Citroen C4 и e-C4 100% electric-Успешен почеток на продажбата во Европа

Во област крај Москва ќе се гради прва фабрика на Tesla во Русија

Познати полуфиналистите на изборот Северноамерикански автомобил на годината 2022

САД проверуваат 30 милиони возила поради потенцијално неисправни перници