Alfa Romeo 110 години на историја што фасцинира и освојува!

На 24 јуни тековната 2020година, брендот Alfa Romeo ќе одбележи нов престижен јубилеј: прослава на 110 години врвни технолошки иновации, спортски успеси и незаборавни креации на четири тркала што го „ „принудуваат“ срцето да трепери од страст ….

За да го прослави настанот, Centro Stile Alfa Romeo креира ново лого што ќе се наоѓа на автомобилите и како поддршка на сите иновации за време на манифестацијата планирани во тек на 2020 година.

Сите активност и прославата на важниот настан – роденденот во само еден ден е неможно, затоа брендот одлучи да ги изненади сите свои многубројни љубители со богат календар на манифестации.

Тоа не е се. Потполно нова публикација е подготвена да ги пренесе не раскажаните приказни на брендот Alfa Romeo, вклучувајќи ги и тие вон светот на автомобилизмот, од различни области: занимливости, анегдоти и повеќе приказни од историскиот и општествениот развој на Италија.

На крајот, историјата на славната автомобилска марка Alfa Romeo e испреплетена со оној најдобар италијански дух и во потполност го впива тој препознатлив карактер, покрај добро познатото и богато техничко и уметничко наследство.

Ново лого „110 Alfa Romeo“

Во чест на  110 годишнината, Centro Stile Alfa Romeo направи посебно лого што ја овоплотува силата на брендот, таа единствена способност да ја спои технологијата, убавината и неизмерното уживање во возењето.

Продолжувајќи се на прославата на 110 годишнината, самата бројка ја дава формата на логото.

Првите две бројки „1“ се претставени во перспектива што на бројот му дава изглед на премин од минатото во сегашноста, а сето тоа кулминира во бројката „0“.

Еден од најкарактеристичните и нај препознатливи елементи на логото на Alfa Romeo може да се види во бројката „0“ – Biscione (големата змија).

Датумот на основањето и актуелната година, 1910-2020, го комплетираат долниот дел на кругот.

На тој начин, бројките заедно со познатите обележја ќе вдахнат живот на веднаш препознатливиот, елегантен, бренд, како што е тоа случај со секој автомобил што го нои логото на Alfa Romeo.

Музеј на брендот Alfa Romeo, Il Museo Sorico Alfa Romeo, центар на прославата

Постои само една можна локација за така голем настан: 24-ти јуни, Il Museo Storico Alfa Romeo ќе ги угости и клубовите и љубителите на брендот. Престижниот простор за најзначајните креации на брендот преставува конкретен мост помеѓу ерите и генерациите. Таму секој може да ја изрази и сподели својата страст со дување во 110 треперливи свеќички.

Љубителите на брендот ќе имаат многу можности околу тој датум да ја прослават годишнината на брендот и ќе имаат можност а ја доживеат славната историја која е постојано свртена кон иднината  .

Alfa Romeo страст на големи автомобилски фестивали

Од секогаш Alfa Romeo бил клучен дел на големите манифестации во спортскиот и во автомобилскиот календар.

На пример поврзаноста со трките Илјада миљи (Mille Miglia), што од година во година станува се посилна низ натпреварувањата, победите и поддршката од јавноста.

Минатата година Alfa Romeo ги освои првите две места на подиумот, освојувајќи го исто така и спонзорскиот тимски трофеј.

Да се видат скапоценостите какви што се моделот 6C 1500 SS од 1928 година, 6C 1750 Zagato од 1929 година и 6C 1750 SS Young од 1929 година на нај познатите улици и локации во Италија е посебен призор, но на 110 годишнината од 13-16 мај на патеката (рутата)  Бреша – Рим –Бреша ќе го видиме и моделот  „Red Arrow“/“Freccia Rossa“, a а пред оваа историска трка ќе биде организирана прослава што не смее да се пропушти.

Изненадувања ќе има и на манифестацијата Goodwood, каде од  9-12 јули ќе се одржи реномираниот Фестивал на брзината, омилен помеѓу фановите на креациите на четири тркала ширум светот. Alfa Romeo ќе биде почесен гостин и ќе добие признание за својата годишнина во паркот околу имотот Goodwood и во текот на легендарната трка на искажување на ридот.

Тие и многу други различни манифестации во текот на годинава преполна со прослави ќе играат улога во консолидација на легендата на брендот и ентузијазмот на возачите што ќе одлучат не само да седнат зад управувачот  на автомобилот создаден за уживање во возењето, и да ја задовоат возачката страст.

Од 1910-2020 година, нашата патека се состоела од комбинација на интернационална популарност на брендот, моторите, технологијата, адреналинот, историјата и забавата: годишнината и роденденот на брендот Alfa Romeo e голем ден за сите нас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бил Гејтс си купи Porsche Taycan и го револтира Елон Маск!?

VW до 2023 ќе произведе електричн теренец во масови бројки!

Новиот SUV на Maserati ќе стаса во 2021 година

Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Prophecy concept прв резултат на соработата на Hyundai и Rimac дебитира во Женева 2020

Dacia на струја може да стаса во наредните две години!

Пристигнува електричен pick-up Fisker Alaska!

Новиот Audi R8 добива хибриден погонски систем

Од Lamborghini најавен тркачи автомобил со V12 мотор