Alfa Romeo Giulia ќе има главна улога во новиот филм на Netflix

Атрактивната Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio во светло зелена боја и супериорни перформанси ја покажува сета елеганција, става што заведува и експлозивна моќ, во сцените на улични трки низ улиците на прекрасната Фиренца…

Италијанско – американскиот автомобилски гигант Fiat-Chrysler Automobiles често бара нови канали за да ги промовира своите возила и треба да му се оддаде признание дека секогаш успева тоа да го направи на ефективен начин.

Така, Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio има една од главните улоги во најновиот акционен филм на филмската куќа Netflix.

Станува збор за филмот „6 Underground“ што ќе се прикажува од утре  13-ти декември, но во меѓувреме од Netflix одлучија да објават трејлер за истиот.

Во интересниот и експлозивен трејлер во центарот на вниманието е токму атрактивната  Gulia што вози преку скулптури, низ стакло и ги „пали“ пневматиците со ефективно  дрифтање.

Од самиот трејлер од филмот може да се види дека Alfa Romeo Giulia зазема прилично голема ролја , а ако се гледа од посетите на овој и на другите трејлери што собрале  повеќе од пет милиони прегледи, филмот би требалода биде хит на благајните на кино салите .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro

Тркачки симулатор на Asaton Martin за што чини колку BMW 5 или Mercedes E Class

Враќање на легендарната DS (жаба)

Баварците го најави електричниот i4 удар на Tesla S

No Time To Die преполн со Aston Martin автомобили

Американец казнет со 569000 долари бидејќи од автомобил ја разгледувал Канада