Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Кој вели дека Алфите не се доверливи ?! Доказ дека тоа не мора да биде вистина, ни доаѓа од Рафа Кулен, човекот кој беше првиот што поминал 400.000 кметри со службена Giuliа….

Тоа  што е на располагање на јавноста се неколку изјави на овој човек во кои се пофалил со своето достигнување на Facebook  страницата „Алфисти“, но самата компанија се огласи  на мрежата LinkedIn, потенцирајќи дека се сопственици на рекордеро Giulia.

На насловната фотографија е прикажан точниот момент што Кулен го „фатил“ кога Giulia стигнала до „магичниот“ број.

Според него, досега немало никакви вонредни проблеми со автомобилот со кој тој само одел на редовни сервиси.

Не се знаат многу информации за овој автомобил, а тоа што е познато е дека се напојува со 2,2-литарски дизел мотор, но прашањето е во која верзија на моќност, бидејќи има две со 150 и 190 КС.

Претпоставуваме дека станува збор за послабата, со 150 „грла“.

Очигледно е дека Кулен умеел да се грижи за Giulia, a таа му возвратила со поминати 400.000 км без никакви проблеми.

Kој вели дека Alfа не е доверлив автомобил?!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

210 години PEUGEOT! Години исполнети со емоции, индивидуалност и иновации

Hyundai до 2028 на пазарот ќе исфрли автомобили што летаат!

Ferrari Omologata уникат направен врз основа на 812 Superfast

Bugatti со хипер „тркач“ на струја!

Босанскиот Tesla Cybertrack направен во Мостар, но нема електричен погон

McLaren Senna GTR LM уште посупериорни изведба на “спортистот“

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro