Alfa Romeo Giulia Speciale лимитирано издание во 15 примероци

Alfa Romeo понуди специјално издание на Giulia на канадскиот пазар, модел за 2022 и тоа само во 15 примероци…

Станува збор за Giulia Speciale, во серија ограничена на само 15 примероци. Автомобилот веднаш привлекува внимание со својата ексклузивна боја „Verde Montreal“, која Alfa Romeo претходно ја нудеше само на своите модели Quadrifoglio.

Оваа Giulia е базирана на стандардната верзија на Veloce со погон на сите тркала, но е опремена со истата адаптивна суспензија на Alfa како и Quadrifoglio. Овој систем на суспензија ја чита патеката и моментално се прилагодува за да се подобри управувањето.

Системот работи поинаку во зависност од избраниот режим на возење. Има и диференцијал со ограничено лизгање. Alfa Romeo Giulia Speciale доаѓа и со црни надворешни ознаки, V scudetto маска од јаглеродни влакна и капаци за ретровизори исто така изработени од јаглеродни влакна.

Има и 19-инчни темни тркала, жолти клешти на сопирачките и прагови од јаглеродни влакна. Во внатрешноста провејува истиот спортски стил со детали од јаглеродни влакна, црни кожни спортски седишта, аудио систем Harman Kardon, како и контролна табла, волан, централен потпирач за рака, рачка на менувачот и панели на горните врати со црвени контрастни шевови.

Под хаубата е инсталиран 2,0-литарски турбо бензински мотор со четири цилиндри, што располага со моќност од 280 КС и 415 Nm максимален вртежен момент. Агрегатот доаѓа во комбинација со осум степен автоматски менувач на брзини.

Таквата комбинација му обезбедува врвни перформанси: Забрзувањето од 0 до 100 km/h за само 5,1 секунди.

Цените за оваа Alfa Romeo Giulia во Канада започнуваат од 71.995 канадски долари или пресметано во европска валута околу 52.800 евра. Некој ќе рече многу но поклониците на марката …

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda  Enyaq iV кампер

ELegend EL1 и EL2 ќе бидат инспирирани од легендарни спортски автомобили

Tркачки Maserati MC20 GT2

Како е создаден светски препознатливиот архитектонски симбол на Минхен?

Конфискуван Ferrari 458 Italia во чешката полициска флота

Lamborghini Huracan Sterrato

Hopium Machina Vision

Toyota GR86 10th Anniversary Limited

Citroen C3 Aircross Rip Curl