Alfa Romeo Giulietta заминува во пензија, а пристигнува SUV моделот Tonale

Alfa Romeo Gullieta, една од најстарите претставници во C сегментот дефинитивно заминува во пензија, a на нејзино место ни пристигнува замена …

Alfa Romeo Gullieta е една од најстарите претставници во C сегментот. Во салоните е уште од 2010 година, а одамна поминале нејзините ѕвездени денови од 2011 година кога е продадена во 79.811 примероци. Додека другите исфрлале нови модели Alfa Giullieta, горе долу сите 10 години останала речиси иста со многу мали измени.

Затоа и не е изненадување дека минатата година се продадени само 15.690 единици на по малку застарениот hatchback, односно три пати помалу одошто во најдобрите денови. Као што е најавено во петгодишниот план што веќе сериозно доцни во однос на зацртаната динамика, AlfaRomeo ќе понуди замена за Gullietа, но не директна.

Тоа ќе биде одамна најавениот, а во 2018 година и покажаниот на салонот за автомобили во Женева модел Tonale, за ој производителот тврди дека ќе биде еднакво забавен и дека ќе има исто така добра возна динамика како и Giullieta. Така барем велел Фабио Миглиаваца шефот на маркетингот на Alfa Romeо, и додава дека фабриката се подготвува за почеток на сериското производство на Tonale.

Засега остануваат најавите дека Tonale во салоните ќе стаса во теот на годинава, но и дека ќе биде прва Alfa со plug-in хибриден погон,иако постојат оправдани сомневања дека почетокот на производството ќе доцни поради пандемијата што се уште не стивнува.

Tonale не е единствениот новитет што го подготвува Alfa Romeо, таа следниот што би требало да стаса е мал SUV, но судејќи по се судбината на спортските C8 и GTV модели е запечатена и нивни наследници нема да има.

Според тоа што во моментот мое да се согледа Giulia ќе остане единствен модел што нема да биде SUV илиcrossover, во тоа што би требало да биде иднината на Alfа, а тоа е дека се се сведува, барем засега на само четири модели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW го загуби клучниот спор во аферата Dieselgate

Женева 2021 под знак на прашалник!

Renault затвора четири фабрики во Франција!?

Во Dacia подготвуваат нов SUV со седум седишта

Цените на горивата во државава повторно растат

Volkswagen: Golf, Polo и Passat ќe исчезнат од „најнапредните пазари “

Kia со мини електричен автомобил ривал на Citroen Ami!

VW ќе ги продава возилата од електричното I.D. семејство само преку Интернет

Добри вести од Hyundai од 25 мај почнува производство на обновениот i30